НА КОЈ ЌЕ ПАДНЕ ИЗБОРОТ: Уште се меркаат приватните клиники за селење на детска кардиохирургија
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 06:40
До крајот на годината е веројатно да се донесе конечната одлука дали државната детска кардиохирургија ќе се пресели во приватна болница или не. Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче кој откри дека анализите и разговорите околу оваа тема се пред крај .
-Станува збор за еден процес за кој што сериозно размислуваме да влеземе а одлуката се уште не е донесена. Јас би ги потенцирал предностите и бенефитите кои ги очекуваме од еден ваков проект . Секогаш се обидуваме да излеземе пресрет на барањата на граѓаните, а децата секогаш ги ставаме на прво место- кажа министерот Венко Филипче додавајќи дека не се работи за селење на кадарот во приватни болници и дека со тоа ќе се одрази на работата на Клиниката, бидејќи овој тим работи само кардиохирургија.
Филипче посочи дека секаде каде има простор да се спојат приватното здравство и државното здравство за да се подобрат условите, има логика да се разгледаат овие модели а министерот смета дека јасната поделба меѓу приватно и јавно здравство треба да се надмине и да се искористат сите капацитети, додека да се изгради клиничкиот центар.
Очекувањата се Фондот да обезбеди голема заштеда и тоа не само во однос на лекувањето во странство, туку и за сегашното функционирање на одредена струка.
„Кардиолошките операции и кога ќе се извршуваат во приватна болница ќе бидат на товар на Фондот, а буџетот за оваа намена, ќе остане ист. Никој од пациентите нема да плати ни денар повеќе“ - додаде министерот.
Здравствените услуги ќе ги покрива Фондот а можно е изборот да падне на клиниката Филип Втори на Жан Митрев.
Државата има интерес да влезе во партнерски однос со приватна установа по ова прашање со цел да го зголеми бројот на интервенции во Македонија а да го намали во странство, кажаа неодамна и од Владата.
Тимот за детска кардиохирургија, го предводи д-р Владимир Чадиковски кој до овој момент како што кажа направил над шеесетина операции на срце.
И.С.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




