НА МЛЕКОТО, ПУТЕРОТ, МЕСОТО СТАВААТ АЛАРМИ И КАТАНЦИ, МАСОВНО СЕ КРАДЕ: Нов проблем во Велика Британија
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2023
Британците од ден на ден се соочуваат со се поголема
економска криза, штрајковите не престануваат...
Кражбите во продавниците се зголемени за 18 отсто во однос на претходната година, а нивната инфлација во декември достигна рекордни 14,7 отсто, пишува Mirror.
Храната масовно се краде и од супермаркетите, а она што до неодамна беше незамисливо стана секојдневие во лондонските продавници: поради огромните загуби во паричните приходи, трговците на мало почнаа масовно да ставаат катанци и аларми на бројни прехранбени производи, дури и млеко, сирење и јајца.
Bottles of milk in a Tesco branch WITH SECURITY TAGS
— BehindTheGorillini (@Really_DJG) November 26, 2022
This is where we are in #ToryBritain
This is where voting the Tory Brexit Party got (not-quite-so) great britain
(lower case is quite deliberate!) pic.twitter.com/GE70re4LGK
Ваква заштита досега имаше само на луксузни технички производи и облека, но дека основните животни потреби ќе бидат заклучени, е тоа е веќе нешто ново, коментира Mirror.
Во последно време најмногу се краде шницлата. Како што пишува Мирор, во продавницата на Теско во центарот на Лондон почнале да ги заклучуваат и фрижидерите. Им ставиле катанци за да ги спречат муштериите сами да го земат месото и да ги спречат потенцијалните крадци да го украдат и подоцна да го препродаваат евтино.
На фрижидерот ставиле табла на која се повикуваат клиентите
да контактираат со продавачите доколку им треба парче месо, а слична практика
воведоа и други продавници низ Велика Британија.
Tesco Express in Tower Bridge Road now keeps its sausages and bacon behind a locked door. pic.twitter.com/qxHEqoNdHq
Така, продажниот персонал во продавницата на Алди во источен Лондон му објасни на новинарот Хари Валоп зошто стековите се „достапни само на барање“.
„Ако ги изложиме без заштита, веднаш се украдени“.
Експертите велат дека проблемот е сериозен и дека крадците на стекови може да ги чинат продавниците и до 15 отсто од нивниот профит.
„Можат да ги продаваат од врата до врата или, ако земат доволно, да ги продадат во пабови“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.