18 Декември, 2025
0.0589

„НА МОЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ УСПЕАВМЕ“: Ангелов раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2025 19:40

Добивај вести на Viber

Одговорот во Трубарево во делот на гаснење на пожарот е за пофалба. Со оглед на тежината и за тоа дека првпат се среќаваме со ваков пожар, во којшто имавме горење на таков вид на отпад - електронски и електричен отпад, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во интервју на Телма.

„Ние го изгаснавме апсолутно брзо и многу бргу дојдовме до соодветни информации, свесни дека се случува нешто невообичаено, поради густината и бојата на чадот. На ниво на управувачки комитет веднаш потегнавме барање на одговор од стручни лица, при што ни беше укажано дека литиумските батерии кои најверојатно ги има таму, а за кои не можевме да утврдиме во која количина се присутни, не се гасат со вода или е невозможно да бидат изгаснати со вода, па брзо пристапивме кон подготвување на теренот за затрупување, но прво мораше да биде спуштена температура“, рече Ангелов.

Кажа дека бил изненаден што со помош на пожарникарите и воздухопловите, не дозволиле да се прошири оганот кон куќите и соседните објекти. 

„Од самата појава на пожарот, јас бев таму за 15тина минути, па бев очевидец на гаснењето. Скопските пожарникари ја имаа клучната улога, но овој пат се осмелив да употребам воздухоплови, за да не дозволиме ширење на пожар. На мое изненадување, не дозволивме пожарот да се прошири“, посочи Ангелов.

Во првата фаза, вели тој, немале што се согорува во пожарот.

„Во почетокот, кога изби пожарот, пожар како и секој друг пожар. Вчера кај Аквадуктот изби пожар и имаше црн чад. На почетокот ние немавме информации. Количината на алкални батерии може да е многу мала. Некои од нив се од часовници, некои од далечински, значи ние не зборуваме за нешто многу масивно. Но кога дознавме дека може да е нешто големо, повикавме тим на Армијата да измерат токсичност. Измерија висока токсичност во близина на пожарот. За нас беше најважно да ги алармираме граѓаните и веднаш ги известивме“, рече Ангелов.

На прашањето со колку сертифицирани пожарникари се гаснел пожарот во Трубарево, Ангелов рече: „Не можам да одговорам на ова прашање“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје