23 Ноември, 2024
0.0271

НА НАСТАВНА МАТЕМАТИКА ЗАПИШАНИ 12 СТУДЕНТИ, НА ФИЗИКА, ХЕМИЈА ЕДВАЈ ПО ЕДЕН: Македонија ќе остане без наставен кадар, професорите Ѓоргоски и Поповски за Фактор

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Поразителни податоци на високообразовните институции по првиот уписен рок за додипломски студии. Квотите нема да се пополнат ниту со претстојниот втор уписен рок на 15 и 16 септември, ниту пак на третиот кој е кон крајот на месецов. Вработените на Студентски прашања од повеќе катедри при УКИМ за Фактор потврдуваат дека веќе одамна ги заборавиле гужвите при поднесување на потребната документација, бидејќи бројот на заинтересираните за студирање, посебно природни науки од година во година е се помал. Во разговор за Фактор, фактичката состојба ја потврдија и едни од најреномираните професори во земјава, проф. Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна, како и поранешниот декан на ПМФ и актуелен професор на катедрата по биологија, проф. Ицко Ѓоргоски.

Оценуваат дека Македонија многу скоро ќе остане без наставен кадар по клучните науки. Во некои градови и сега веќе нема наставници по физика, хемија, математика.

-Станува збор за една многу сериозна и загрижувачка состојба на некои од катедрите на Природно математичкиот факултет при УКИМ, иако мора да признаам дека ние, на Катедрата по биологија, посебно во последниве четири години имаме зголемен интерес. Завршените матуранти покажуваат голем интерес за додипломски студии по молекуларна биологија и генетика и нутрционизам, тоа што впрочем е тренд и во светот, заради што и квотите ги зголемивме. Но, од друга страна, парадоксално е што на единствените катедри на кои се доделуваат државни стипендии дури од по околу 300 евра месечно и кои редовно се исплаќаат, се запишуваат едвај од еден до пет студенти максимум. На пример на наставните програми по математика, физика, хемија примаме од 20 до 25 студенти, но освен интересот за математика, кој е само минимално поголем, за другите науки едноставно нема студенти. Во привиот уписен рок на наставна математика има само 12 студенти. Можеби со уште двата уписни рока ќе ја пополниме квотата, но на наставна физика или наставна хемија, не сум сигурен, но мислам дека има едвај по еден студент. Ова се навистина поразителни податоци. Се соочуваме со проблем кој никогаш нема да го решиме, бидејќи не постои заинтересираност за оние места кои практично треба да произведат нов и квалитеттен наставен кадар, посочува професорот Ѓоргоски.

Смета дека постојат повеќе фактори кои придонесуваат за ова, но според него главниот проблем е во вработувањата на идните настваници по математика, физика, хемија, биологија.

-Студентите знаат дека за нивното работно место одлучува некој друг, односно градоначалниците на општините од една или друга партија. Тоа е основниот проблем зошто предавалните на овие катедри се празни, без студенти. Дури некој и да добие место како наставник во некое од училиштата, најчесто после четири години останува без чесови. Ова го потврдуваат и нашите студенти. Јас добивам мејлови од нив кои отворено говорат за ваквите ситуации. Наместо местото наставник по хемија на пример да го добие студент кој дипломирал наставна хемија и се здобил со стручен назив Дипломиран професор по хемија, местото го добива некој што завршил аналитичка хемија, зошто? Бидејќи е поблизок со актуелната гарнитура. Веќе имаме градови каде што нема наставен кадар и квалитетот на образованието е на најниско ниво бидејќи предметот не го предаваат оние кои учеле за тоа. Математика, на пример, предаваат наставници кои дипломирале на некој од техничките факултети, електро, машински..., па за да предаваат дополагаат некои испити како што се методика на настава, педагогија и така натаму. Ова се аномалии кои оставаат далекусежни и непоправливи последици во Македонија и се аргумент плус за младите уште повеќе да си заминуваат. Едноставно сакаат многу поквалитетно образование. Кога нема квалитетни наставници во основното и во средното образование по овие предмети, учениците не се ниту подготвени, ниту пак имаат афинитети понатаму тоа да го студираат. А љубовта кон одредена дисциплина ја всадуваат токму квалитетни наставници кои знаат да го пренесат знаењето. Тоа е еден круг, еден процес од кој звиси понатамошниот развој, вели професорот Ѓоргоски.

Истовремено, и професорот Зоран Поповски нагласува дека последниве години на Факултетот за земјоделски науки и храна примаат околу 70 студенти, за разлика од претходните години кога на овој Факултет се запишувале дури и по 400-тини студенти. И според него постојат повеќе фактори кои се клучни за се помал број на студенти во земјава.

-Последниве години се соочуваме со големи демографски процеси. Во времето кога бев државен секретар, во школите во основното и во средното образование имаше и повеќе од 400.000 деца, сега имаме околу 280.000. Нормално е дека ова се рефлектира и на бројот оние кои ќе се запишуваат на факултетите. За 20 години бројот на учениците е намален за 30 отсто. Тоа е едната причина. Другата причина е тоа што не сме доволно мобилизирани како академски кадар да привлечеме поголем број студенти, а тоа пак се должи на фактот што ние сме најслабо платени универзитетски професори во регионот. И третата причина која ја смета за особено важна е тоа што во секое селце се отвори универзитет. Дисперзираните студии го нарушија енормно квалитетот на образованието. Ние во држава со ни два милиона луѓе имаме пет државни факултети за земјоделство, Холандија има само еден агрономски универзитети. Кој сака тоа да го студира, таму ќе оди и ќе научи и точка, а тука студентите гледаат полесно да поминат, и не сакаат да студираат на УКИМ, вели професорот Поповски.

Состојбата е сериозна, загрижувачка, алармантна, катастрофална, предупредува тој.

Анита Буховски

ФОТО: Фејсбук

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип