19 Декември, 2025
0.0431

На паркингот кај Холидеј Ин првично требало да никнат стокатници

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2018 15:02

Добивај вести на Viber

Делот каде што е планирана изградбата на висококатниците е под мораториум и се ревидира вели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Тој додава дека досега нема стигнато ниту еден проект ниту барање за издавање дозвола за градба на висококатница, но и да биде доставено такво барање тоа ќе биде одбиено до општината.

Сепак, како што се додава инвеститорот би можел да поднесе барање за дозвола за градба на објекти што претходно во 2008 и  2012 година им биле вцртани како маркици претходните власти.

-Мораториумот беше воспоставен со одлука на Советот на општината на 27 декември 2017 година, со кој сите новозапочнати постапки се запираат, така што било кој што е опфатен со овие планови поднесе барање ќе биде одбиен од општината, се додека не се ревидира планот, рече Богдановиќ.

Тој појасни дека на местото кај паркингот кај Холидеј Ин уште од претходно биле вцртани, прво стокатници потоа шеесеткатници, од претходната гарнитура на власт и  сегашното раководство на општината затоа го воведе и мораториумот за да може спорните планови да се ревидираат.

-Веќе има неколку ревидирани планови што ќе бидат ставени на седница на Совет и тогаш кога ќе бидат ревидирани и одобрени ќе биде тргнат мораториумот од нив. Како општина нема да дозволиме не само таму, туку никаде во центар да се градат толку високи градби. Нашата тендеција е намалување колку што е можно повеќе на нешто што е претходно донесено. Нашата борба е што е можно повеќе слободни површини да заштитиме таму каде има простор и можност, да се усогласи колку може со барањата на граѓаните, рече Богдановиќ .

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки