29 Септември, 2024
0.0268

На пазарот на труд се повеќе се цени квалитетот!

Објавено во: Економија 14 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Сум посетувала неколку обуки, и мислам дека секоја од нив придонесе да се чувствувам посигурна. Мислам дека секогаш може да се научи нешто ново, а истовремено и да се надогради знаењето. Стекнувањето нови знаења, усовршувањето на вештините и практичната примена се од непроценлива помош во мојата работа, вели, Емилија Маревска, Сметководител во ДИУ ФИНСС ДООЕЛ Скопје. Маревска ги издвојува обуките што ги посетувала во Нова Консалтинг, како најзначајни во нејзината едукација. Што мислите колку е важна надоградбата во образованието за професионалниот ангажман во некоја компанија? -          Сметам дека надоградбата во образованието е од особено значење во професионалниот ангажман, образованието е само основа, темел, за нашето понатамошно професионално усовршување. И компаниите и поединците мора да вложуваат во понатамошно усовршување, и во тој контекст мислам дека обуките се едно ниво повисоко во нашето професионално искуство, бидејќи се стекнуваат практични знаења од конкретни области кои се дел од нашата работа. Имате ли чувство дека обуките на кои го усовршивте вашето знаење Ви помогнаа во барањето на нова работа или задршување на постојната? Зошто? Дали се почувствувавте посигурни? -          Сум посетувала неколку обуки, и мислам дека секоја од нив придонесе да се чувствувам посигурна. Мислам дека секогаш може да се научи нешто ново, а истовремено и да се надогради знаењето. Стекнувањето нови знаења, усовршувањето на вештините и практичната примена се од непроценлива помош во мојата работа. IMG_6218-Edit Сметате ли дека денеска во Македонија може да се успее и „без врски“, доколку поседувате квалитет? -          Сметам дека на пазарот на трудот се повеќе се цени квалитетот, и доколку поседувате квалитет и желба за нови професионални искуства и усовршувања, може да се биде успешен. Во што се состои рецептот на успех кај предавачите во „Нова Консалтинг“, дали е тоа искуството или начинот како се пренесува знаењето? -          Успешноста на Нова Консалтинг ги опфаќа и двете, а и многу повеќе од тоа. Прво, самиот концепт на обуките е исклучително добро осмислен и на некој начин има природен тек кој не е воопшто тешко да се следи. Знаењето на предавачите е основата, а умешноста тоа знаење да се пренесе е од суштинско значење. Пристапот, објаснувањата и  практичните примери само придонесуваат кон еден висок стандард и квалитет на обуките во Нова консалтинг.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија