07 Октомври, 2024
0.0863

На „Пиво фест“ во Прилеп се заработиле 4 милиони евра

Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Пресметките на организаторите на „Пиво фест“ во Прилеп, покажуваат дека градот и регионот имаат бенефит од околу 4 милиони евра.

„Ако секој посетител од околу 400.000, потрошил барем по 10 евра, бенефитот не само на градот и регионот е околу 4 милиони евра. Дел од тие пари индиректно влегуваат во локалниот буџет од каде општината решава и комунални проблеми“, вели Марјан Ристески.

Манифестацијата „Пиво фест“ има буџет од 200.000 евра. Од нив една третина се од буџетот на локалната самоуправа, а другите се донаторства од бизнис секторот, пиварниците учесници.

Годинешниот  11 по ред „Пиво фест“ во Прилеп во сите четири фестивалски дена го посетиле околу 400.000 посетители и според пресметките се испиле 300 тони пиво, а се изеле околу 100 тони скара.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, градот се потврдил како одличен организатор на вакви големи масовни манифестации.

„Докажавме дека Прилеп е кадарен да организира, би рекол, манифестација од Балкански тип со 400.000 посетители и организациски се да протекне во најдобар ред без ниту еден инцидент. Тоа градот го сместува во најфестивалски во Македонија“, изјави Ристески .

Следната година штандовите за пиво и скара ќе бидат поголеми и уште по уредени од годинава.

„Сакаме да изградиме и кампинг простор со кампинг-приколки кои ќе се изнајмуваат на посетители. Тогаш туристичкиот бенефит ќе биде уште поголем. Следната година локалните власти ветуваат дека манифестацијата ќе ја збогатат и може да се очекува и учество не само на балкански, туку и на светски музички имиња“, најавија организаторите на „Пиво фест“.

Можеби ќе ве интересира

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!