На поништеното место од ДИК има речиси 900 гласачи, можно е прегласување
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 18:37
Според податоците на ДИК на избирачкото место 0396/1 во Гостивар каде гласањето е поништено се открива дека има регистрирано 892 гласачи што може да доведе до прегласување бидејќи со овој обем на гласачи може да се изврши влијание врз вкупниот број на мандати.
Во изборното место во ИЕ 6 има 892 гласачи запишани во избирачкиот список. На гласање излегле 450 од нив. Неважечки ливчиња имало 21 на број. Од нив 74 гласале за ВМРО ДПМНЕ, 102 за СДСМ, додека 107 за ДУИ, 48 за БЕСА, 68 за Алијансата за Албанците, како и 24 за ДПА, а 6 гласа отишле во рацете на ПДП.
Разликата пак во целата шеста изборна единица меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ изнесува 307 гласови. Разликата пак меѓу ДУИ и БЕСА е 15 545 гласови. Во шестата изборна единица, најмногу мандати 6 освои ДУИ, потоа 4 ВМРО-ДПМНЕ, а по три СДСМ и БЕСА, ДПА и Алијансата за Албанците поделија по две пратенички места.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




