Добивај вести на Viber
Во недостиг на официјални информации затоа што никој не реагира и не соопштува причини, неофицијално: падот на откупот е предизвикан со евтин увоз на млеко и млечни продукти предизвикан од дебаланс на европскиот пазар кој предизвика суфицит на млеко и продукти заради ембаргото за извоз на стоки во Русија! Можеби реакција на овој дебаланс на пазарот е протестот на делчевските фармери кои се жалат на драстичен пад на откупните цени. Во прилог е линк од информацијата тв Стар.
Млекопроизводителите изгубиле над 3 милиони евра за само еден месец затоа што откупот на млеко во ноември е преполовен во однос на ноември во 2013 година, покажуваат најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика. Имено според официјалните податоци за продажба и откуп на млеко – најголемата ставка во целиот биланс за откуп и продажба на земјоделско производство во ноември 2014 година е преполовена во однос на износот што го добиле и количетството млеко што го предале млекарите во ноември 2013 година.
Според официјалните податоци откупеното млеко за ноември лани е со просечна цена од 20,4 денари за литар. Тоа е 0,8 денари односно 4 отсто пониска просечна цена од остварената во номеври 2013 година, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Во ноември 2014 година се откупени 105.001 хектолитри млеко за кои откупувачите платиле 214,24 милиони денари (3,48 милиони евра). Во истиот месец 2013 година откупот изнесувал 190.605 хектолитри. Тоа е пад од 45 отсто на откупената количина кога се споредуваат истите месеци во две различни години.
Приходот на млекопроизводителите во ноември 2013 година е 403,94 милиони денари. Тоа е 189 милиони денари (над 3 милиони евра) повеќе од тоа што го добиле млекарите за истиот месец една година подоцна. Приходот во ноември 2014 е понизок за 47 отсто. Тоа покажува дека намалената побарувачка за млеко веројатно е причина за снижената просечна откупна цена по која млекопроизводителите го продавале своето производство на откупувачите. Просечната откупна цена, според податоци на ДЗС, во ноемрви 2013 година е 21,2 денари за литар, а во ноември 2014 година е 2014 година е 20,4 денари за литар!
„Фактор“ по објавата на поатоците на ДЗР веднаш достави прашања до Стопанската комора на Македонија за новата појава која укажува на сериозен дебаланс на млечниот пазар.
Прашањата беа доставени до секторот за земјоделство во Стопанската комора на 14 јануари (четврток) во претпладневните часови. До денеска надлежните лица од Стопанската комора на Македонија не доставија објаснувања ниту понудија каков било одговор, дури ниту тоа дека ги добиле прашањата на „Фактор“. Ова се прашањата:
- Врз основа на податоци објавени во најновиот месечен извештај на Државен завод за статистика
http://www.stat.gov.mk/pdf/2015/5.1.15.01.pdf се гледа значајна негативна разлика во откуп и продажба на млеко во период номеври 2014 и ноември 2013 . Разликата е 50 отсто пад на откуп/производство во ноември 2014 во однос на ноември 2013. Воедно од сумите и количините може да се воочи и пад на просечна цена по литар млеко за 0,8 денари во ноември 2014 во однос на истиот месец 2013 година.
Ве молиме за стручен коментар за оваа појава и за нејзините причини т.е. фактори предизвикувачи?
Дали тоа значи дека производителите на млеко не се доволно стимулирани?
Како млекарниците го надоместуваат кусокот млеко од домашна понуда?
Доколку добиеме одговори во идниот период тие ќе бидат објавени во целост.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: