19 Декември, 2025
0.1529

НА ПОВИДОК НОВА ДРЖАВА НА БАЛКАНОТ?! Албанскиот премиер создава микродржава во Тирана, слично на Ватикан

Објавено во: Балкан 23 Септември, 2024 11:36

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека ќе создаде суверена микродржава во Тирана за заедницата Бекташ, членови на исламскиот суфиски ред, која ќе промовира умереност, толеранција и мирен соживот.

Говорејќи во Обединетите нации, Рама истакна дека Албанија ги спасувала еврејските бегалци од нацистите за време на Втората светска војна и им обезбедила засолниште на Авганистанците откако Талибанците дојдоа на власт пред три години. Тој додаде дека и Албанците се горди што на светот му дале Мајка Тереза, која „ја отелотвори љубовта кон човештвото“.

„Таа ни рече дека не можеме сите да правиме големи работи, но дека сите можеме да правиме мали работи со голема љубов. Ова е нашата инспирација во поддршката на трансформацијата на Светскиот бекташки ред во суверена држава во нашиот главен град Тирана како нов центар на умереност, толеранција и мирен соживот“, изјави тој.

Тие сочинуваат околу 10 отсто од муслиманите во Албанија

Албанија има 2,4 милиони жители. Околу 50 отсто од нив се муслимани, а остатокот од населението се католици и православни и други помали заедници. Земјата е позната по својата верска хармонија и соживот. Бекташите сочинуваат околу 10 отсто од муслиманите во земјата, според последниот попис.

Веднаш не беше јасно како на Редот на Бекташ ќе му биде доделен легален суверенитет, но Редот рече дека тие го сметаат овој потег за почеток на нова ера на промовирање на глобалната верска толеранција. „Ваквиот историски чекор е насочен кон признавање на Редот како суверена, самоуправна држава, посветена на поддршката на својата вековна култура на умереност и духовна вклученост“, се вели во соопштението.

Текстот продолжува под огласот

Тие додадоа дека Редот треба да добие суверенитет идентичен со оној на Ватикан, што значи дека ќе управува со верските и административните прашања независно од Албанија. Државјанство би добиле само највисоките верски членови и оние поединци кои се вклучени во управувањето со државата.


Редот настанал во 13 век

Државата ќе ја води Баба Монди, поглаварот на Бекташ. Советот ќе ги надгледува неговите верски и административни активности. „Новата држава нема да цели кон ништо друго освен духовно лидерство“, се нагласува во Редот.

Бекташкиот ред потекнува од Отоманската империја во 13 век, пишува Асошиетед прес. Бекташите добиле политичко значење во 15 век, кога редот доминирал над јаничарскиот корпус, елитните пешадиски единици.

По основањето на Република Турција, нејзиниот водач Кемал Ататурк ги забрани верските институции кои не беа дел од Управата за верски прашања, а седиштето на бекташката заедница беше преместено во Албанија. Членот на Бекташите, Исмаил Ќемали, ја прогласи независноста на Албанија од Отоманската империја во 1912 година.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен