05 Декември, 2025
0.0368

На повидок нова собраниска криза ако законот за јазици помине без опозицијата

Објавено во: Анализа 14 Март, 2018 07:44

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ја крена тензијата пред денешното можно изгласување на Законот за употреба на јазиците кој е во втора фаза откако најпрво беше одбиен од страна на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов кој имаше свои забелешки и грижи во поглед на уставноста. Пратениците на опозицијата потоа поднесоа рекордни 35 илјади амандмани иако веќе во задоцнета фаза, бидејќи законот ги помина сите читања и дебата, па затоа и собранискиот спикер Талат Џафери тврди дека законот за јазиците сега може да се постави на дневен ред на гласање и без јавна расправа бидејќи тоа не е задолжително.

Сепак, кога станува збор за политичка волја не секогаш треба да се инсистира на брутална хируршка прецизност во процедурите, бидејќи игнорирањето на опозицијата може да донесе многу поголеми проблеми во општеството, а тоа е закон кој драстично ќе биде оспоруван и извор на нови меѓуетнички несогласувања и недоверби, особено кај приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и до владејачката партија бидејќи и во нејзини редови имаше жестоки критики, особено кај професорската и експертската јавност.

Секако, нови инциденти во Собранието никој не посакува, иако има помала група на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени и да ја блокираат седницата до степен на физичка конфронтација, но овој пат тие би биле дел од опозицијата која ќе тврди дека е репресирана и дури можеби и насилно отстранета од страна на службеното обезбедување.

„Токму денот кога отпочна воениот конфлит во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој противуставен неприменлив закон за употреба на јазиците“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со жителите во Конче.

За Законот за употреба на јазиците досега имаше бројни дебати како за неговата потреба и тајминг, така и за неговата суштина и дополнителните права кои ги носи за сите граѓани на Македонија, но не и за навистина спорните моменти кои се изгласани и повторно ќе бидат изгласани со истиот законски текст, а не се ни оценети од страна на Венецијанската комисија иако имаше првични ветувања дека тоа ќе биде така. 

Единствено до Венецијанската комисија се испратија на оценка одредбите за двојазични униформи на Армијата како потенцијално уставно проблематични, додека пак за полицијата и државните службеници како и одредбите за ознаките на парите се веќе дел од законското решение и повторно ќе бидат. 

Владејачката коалиција е на стаклени нозе токму поради овој закон, за кој навистина се потроши многу политичка енергија, се исцрпеа сите можни аргументи и СДСМ покажа лојалност кон барањата на Ахмети низ речиси целата година, но повторно треба да се направи опширна проценка дали баш сега и во процедура каква се најавува мора да се излгаса законот, наместо да се послуша опозицијата и да се најде одреден степен на компромис кој би ги неутрализирал сите сомнежи дека во законот има неуставни одредби кои ќе бидат причина за нов бран на незадоволство.

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?