НА ПОВИДОК НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Нафтата рекордно најскапа последниве 2 ипол години
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2018 11:18
На повидок нови поскапувања на нафтените деривати поради осцилациите во движењата на светските берзи.
Во моментов барел нафта се продава за 74,5 долари што е над нивото кое како средна цена Регулторната комисија за енергетика го постави при регулирањето на малопродажните цени, минатиот понеделник.
Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден го достигна највисокото ниво по декември 2015 година и се продаваше за повеќе од 76 долари, за во текот на денешниот ден да се спушти под нивото од 75 долари за барел.
Ваквиот развој на настаните алудира на покачување на цените од понеделник.
На 30 април Регулаторот ги покачи цените на сите нафтени деривати за 2 денари по литар па така бензините по неколку години го надминаа нивото од 70 денари, односно толку чини 95 октанскиот бензин, додека 98 октанскиот е за 1,5 денари поскап.
Дизелот чини 62 денари/литар.
Можеби ќе ве интересира
Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата




