05 Декември, 2025
0.0389

НА ПОВИДОК ТРГОВСКА ВОЈНА: Брашното ќе ги скара Србија и Македонија!

Објавено во: Агробизнис 21 Октомври, 2015 09:19

Добивај вести на Viber

Србија ќе воведе контра мерки, доколку Македонија не престане да го кочи увозот на српско брашно, изјави за српската агенција Бета, заменик министерката за трговија на Србија, Бојана Тодоровиќ. Таа тврди дека проблемите со извозот на брашно од Србија во Македонија почнале во јули и во континуитет траат до денес. -Откако во втората половина на август во Македонија прекина издавањето на маркици за брашно, бидејќи се чекало да заврши тендерот, минатиот месец кога заврши тендерот почна издавањето на маркиците, повторно има опструкција од македонска страна, бидејќи маркиците се издаваат во двојно помала количина.Минатата недела побаравме итен одговор од македонското министерство за земјоделство во врска со проблемите за увоз на брашно од Србија, и во најкраток рок ќе побараме билатерални консултации во согласност со процедурите предвидени со ЦЕФТА. Ако овие чекори не доведат до решенија, Србија има можност да воведе контра мерки. Овој проблем континуирано се посочува во рамките на ЦЕФТА, водени се билатерални консултации неколку пати, а Србија и преку заедничкиот Комитет на ЦЕФТА, како врховен орган,иницираше механизми за решавање на спорот, и успеа во тоа,што во 2013-та година резултираше со укинување на недозволените мерки од страна на Македонија, изјави Тодоровиќ. Од македонска страна, ваквите информации министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство ги негира.Оттаму велат дека проблем со издавањето на контролните маркици имало пред два месеци, но сега откако завшри тендерот и се најде фирма , маркиците се печатат редовно и се издаваат. - Точно е дека малку доцнеше тендерот за избор на фирма за печатење на контролните маркици. Но тендерот заврши во септември, се избра фирмата, маркиците печатат и состојбата е нормализирана, односно нема застој во издавањето на маркиците, велат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од македонската мелничарска индустрија потврдуваат дека имало застој со издавањето на контролните маркици и со тој проблем и тие се соочиле, но дека сега издвањето на маркиците е нормализирано. Застој во издвањето на маркици имаше речиси четири месеци,а без нив овој производ не може да се продава во маркетите. Дел од маркетите во земјава тогаш се соочија и со недостиг на брашно. -Додека се чекаше тендерот за избор на фирма за печатење маркици и ние се соочивме со проблем при издвањето и тогаш региравме до ресорното министерство, се соочивме со залихи од брашно бидејќи без контролни маркици не може да го продаваме. Но сега тој проблем е надминат и контролните маркици се издават и нема застој. Тоа што реагираат мелничарите од Србија не не чуди бидејќи не им е прв пат, и сметаме дека реакцијата им е неоснована, вели Ѓорѓиев, од “Мак-Млин”. Минатата недела српското здружение Житовојводина од Нови Сад предупреди дека се продолжува опструкцијата за извоз на брашно во Македонија и предложи воведување на мерки на реципроцитет на увоз на одредени земјоделски и прехранбени производи од Македонија. Во дописот до српското Министерството за трговија,туризам и телекомуникации, Житовојводина побара тие реципрочни мерки да бидат воведени веднаш и тоа на сличен,неформален начин,како што Македонија го сторила тоа со увозот на брашно од овогодишното производство на Србија. Здружението Житовојводина посочи дека таквиот однос на македонско министерство за земјоделство е спротивно на начелата за слободна трговија,предвидени во Цефта договорот чии потписници се Србија и Македонија. Контролните маркици се воведоа поради  нелегалниот увоз на брашно и за заштита на домашното производство Обврската за контролни маркици за брашното стапи на сила во октомври 2013-та година. компаниите се должни пред да го пуштат брашното во продажба да го означат секое пакување со контролна маркичка.Според законот, контролнате  маркичка треба да  биде поставена на видно место. Маркичката треба да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето. Контролните маркици важат за домашните производители но и за брашното што доаѓа од увоз. Контролните маркици за брашно се воведоа за заштита на пазарот и на домашните потрошувачите. Мелничарите велат моделот  е ефикасен, но  тогаш реагираа на високата цена на маркиците, со образложение дека со таа цена ќе им се зголемат драстично трошоците. Сепак според агроекспертите, ваквиот модел за заштита на домашното производство е погрешен и дава контраефекти, како сега со Србија. -Ние сме на ЦЕФТА, и тоа значи слободен пазар, кој не предвидува воведување на вакви мерки, тоа е непочитување на договорот со ЦЕФТА. Мислам дека србите немаат причина зошто да лажат дека се соочуваат со проблем при извозот на брашно во Македонија. Сметам дека овој модел што го применува ресорното министерство е погрешен за заштита на домашното производство. Има други механизми за заштита на домашното произвдство. На пример ние можеме да воведеме стандарди за увзоните производи, и доколку некој прозвод од странство не ги исполнува тие стандарди да не може да се извезува кај нас, тоа го имаат направено сите челнки на Европската унија. Исто така треба македонските производители да поработата на зголемување на конкурентноста на производи, тоа е клучот за пласман во услови на слободен пазар, вели агроекономистот Борис Анакиев. Ова е втор пат како Македонија и Србија се наоѓаат пред трговска војна. Проблемот во трговските односи меѓу Македонија и Србија ескалираше во 2013-та година, кога Македонија заради заштите на домашното производство ја воведе мерката за условен увоз која предвидуваше дека на секој еден килограм на увезена, македонски увозниците се должни да купат три килограми домашна пченица, а потоа следуваше и воведувањето на контролни маркици за брашното, но не само за увозното туку и за домашното. Мерката со која македонската влада го ограничи увозот на брашно од пченица и Србија стапи во сила на 1 Јули. По состанокот со министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ на 10 јули, се покрена иницијатива за укинување на мерката. Проблемот стигна и до Комитетот на ЦЕФТА,а српското министерство најави дека доколку Македонија не ја повлече мерката за условен увоз, тие ќе забранат увоз на македонско вино и зеленчук. Од македонска страна на 2 септември беше укината уредбата  за ограничен увоз на пченица, а на 15 септември за брашно.Истиот период блокада од една недела за македонските производи, стави само Косово, но проблемите релативно брзо беа надминати. Најмногу брашно во Македонија стигнува од Србија Според податоците од Стопанската комора домашните потреби за брашно изнесуваат 13.563 тони месечно или преку 30 илјади тони пченица. 65 проценти од потребното брашно го произведуваат македонските мелници, а остатокот од 35 отсто се увезува. Статистичките податоци покажуваат дека за увоз на жита и житни производи во 20011 година се потрошиле над 75 милиони евра, следната 2012-та за истата намена се одлеале повеќе од 90 милиони евра, а во 2013-та година близу 74 милиони евра. Од 2011 година до лани има пораст увозот на пченица, но многу повеќе на увозот на брашно. Така ако во 2011 година биле увзени 29.947 тони брашно, лани во земјава влегле 40.361 тони брашно. Годинава поради лошите временски услови , производство на пченица е помало за  30-40 отсто, што ќе влијае врз зголемување на увозот. Според податоците од српското министерство за трговија, извозот на брашно во Македонија во првите летни месеци од годинава изнесувал 8.211 тони, односно во јули се извезени 3.428 тони, во август 2.326 тони, а во септември 2457 тони брашно.Проценките на српското министертсво за трговија се дека реалните можности за извоз на српско брашно во Македонија се од 3.500 до 4.000 тони брашно месечно. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?