На прагот на зимата семејството Мицеви ќе го исфрлат на улица!
Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2013 08:11
Кога во 2009 – та се донесе новиот закон за домување, ние се надевавме дека ќе добиеме можност да ја купиме бараката. Особено по последниот незаконски обид за насилно иселување во 2010 – та ние добивме и ветување од Чаловски, дека ќе останеме во станот, и дека ќе добиеме можност да го откупиме. Од сето тоа ние добивме судска тужба и денес мораме да се иселиме од бараката, само проблем е што не знам каде ќе одиме – вели Трајан МицевСудската пресуда за семејството Мицеви е дека незаконски живеат во станот и дека мора да се иселат. Трајан вели дека и скопска Апелација не им ја уважила жалбата, и сега веќе немаат други опции. Пред три години иселувани незаконски, денес со судска одлука Воената барака во која живее семејството Мицеви 20 години, е оставена за нив од страна поранешниот сопственик, но тие не добиле никаков документ. Нивната голгота почнува пред 4 години, кога Јавното претпријатие за управување со станбен и деловен простор нивната барака ја доделува на друг граѓанин, а нив се обидува да ги исели. Поплаките на Мицеви и укажувањата на адвокатите дека такво иселување без судска одлука е незаконски не вродија со плод, а Јавното претпријатие се оглуши на одредбите на тогашниот закон за домување, дека доколку некој живее во објект повеќе од 15 години потребен е судски процес за негово иселување. Тогаш негативните реакции во јавноста, и обидот за самоубиство на семејството го присилија претпријатието да ја повлече полицијата. Денес Трајан вели разбира дека е изигран и излажан од иснтитуциите, предаден и од соседите кои сега сакаат побрзо да отиде бидејќи на нивната локација треба да се гради зграда.
Адвокатот на инвеститорот ми прати писмо. Вели „добронамерно“ ми објаснува дека немам друг излез веќе освен да се иселам, а знам и сошто така ме ибедуваат, сакаат да почнат со градење на зграда, но најмногу ми е криво што по 20 годишно живеење во овој дом, каде ми се роди ќерката, каде доживеав убави и лоши моменти, немам никакво право на него – вели Трајан МицевНародната поговорка дека државата за некого е мајка, за некого маќеа, најмногу доаѓа до израз во случајот со Трајан, Лора и Ана Марија Мицеви. Сеге веќе 14 годишната ќеркичка преку социјалните мрежи порачува дека е очајна, и вели не знае што ќе се случи со нејзиното семејство, мајката е невработена а таткото кој порано подработувал како таксист, вели денес се снаоѓа да донесе плата дома. Семејството Мицеви и сега опстојува тешко и едвај успева да плати сметки. Велат пари за кирија немаат, а кога насилно ќе ги исфрлат од станот, не знаат каде да одат. А зимата доаѓа. С.Р.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




