26 Јуни, 2024
0.0299

На роденденот на аутистичниот син дошле само две другарки од одделението: Ирена Лозана со освестувачки статус кој нема да ве остави рамнодушни

Објавено во: Македонија 05 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Ирена Лозана е жена која носи многу инспиративна приказна со себе. Сопруга и мајка на три деца, со животна адреса во Скопје. Откако на нејзиниот син Кан му е дијагностициран аутизам, нејзината животна мисија се насочува кон децата со нетипичен развој и нивните родители.

Овој пат таа сподели една емотивна објава на својот профил на Фејсбук, посветена на роденденот на Кан, со цел да ја подигне свеста за инклузијата.

„Вчера на Кан му беше роденден. Иако како секогаш планиравме да му го славиме роденденот во градскиот парк на поканата на едни драги гости се случи следново ...Нашата драга пријателка Марија наместо само да дојде на роденденот решила да го изненади Кан некако поинаку...За оние кои го познаваат Кан знаат дека е на аутистичен спектар и дека оваа година е целосно заљубен во Супер Марио, Кан е облечен како Марио по цел ден и секаде така шета....Некој се шета во „Најк“ и во „Гучи“ некој дотеран како Супер Марио...

Да се вратам назад, Марија почнала да бара костум од Супер Марио за да го изненади Кан на забавата, ама барајќи костум дошла до Игротеката Супер Марио и до прекрасната Дијана сопственичка на игротеката. Кога Марија објаснила за што ѝ треба костумот Дијана ѝ рекла „Да си дојдете вие кај нас оти надвор е ладно па на Кан да му го направиме роденденот во игротека. И така би, тетка Дијана го почасти Кан со цела организација за неговата роденденска забава вклучувјаќи ја и тортата...секако со Супер Марио.

Кан беше радосен поради многуте работи кој за него беа радост таму.

Е сега сакам да ја нацртам малку и онаа другата страна на семејствата и на децата со попреченост кои се обидуваат да го социјализираат своето дете на „класичните” начини како што се роденденска забава во игротека каде што родителите сè органиизраат и се надеваат дека барем за тој ден нивното дете нема да се почуствува само,отфрлено, и дека ќе успее да се социјализира и да создаде некакво или пријателство или пак барем тој ден да поигра или пак само да биде со другите деца бидејќи сепак нели тој ден гостите се дојдени за него.

На роденденската забава како што може да видите имаше само две другарки од неговото одделение, нашето семејство и вработените во игротеката (кој беа прекрасни домаќини). 

Да ми се случеше ова пред неколку години кога Кан бесе помалеќок и додека сè уште бев во тага и во збунетост веројатно ќе плачев цел ден и ќе се секирав што ќе биде со моето дете и каков неспособен родител сум јас, и веројатно ќе се решев да се изолирам уште повеќе и никогаш да не направам ни забава за него ни ништо. Јас знам дека многу посебни родители го чувствуваат истово секој ден. 

И фала Богу не сум таму веќе неколку години наназад, работам силно на себе и на подигање на свеста на моето семјство и на другите околу мене. 

Повеќе детали на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење