На Русија и фалат два милиони квалификувани работници
Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2014
На Русија и недостигаат два милиони квалификувани кадри и тоа е главната пречка за економскиот напредок, изјавила неодамна заменичката на рускиот премиер Олга Голодец.
Највисок дефицит има кај висококвалификуваните електроника и машинство - професии за кои се жедни во индустриски ориентираните региони на Русија. Проблемот не е нов и датира од 90-тите години кога овие професии станале неатрактивни и слабо платени, пренесуваат руски медиуми.
Русија веќе со години се обидува да го реши дефицитот на овие професии со поголеми плати, станови но и кругови во градинките.
Екатеринбург е град со голем број на технички универзитети и јака индустрија кој решил да го поттикне интересот за техника од многу рана возраст.
За постари деца и серизони програми - основни на информатика и роботика со пишување на едноставни алгоритми кои со тек на врем стануваат се посложени. Постарите деца се вклучуваат во секции со веќе формирана идеја со која во иднина сакаат да се занимаваат.
„Дури сега училиштата почнуваат да нудат некој простор за роботика но и понатаму тоа е во втор план. Јас сакам да запишам информатика на колеџ бидејќи многу ми е важно да се занимавам со она што ме интересира. Ќе видиме каде ќе ме примат“; вели Јегор Недоростков, јуниорски шампион по роботика од областа на Свердловск .
Потребата децата да се привикнат на природните науки е акутна - според истражувањата речиси половина од компаниите во Русија се жалат на недостаток од специјалисти. Русија е на 11 место во светот по дефицит од висококвалификувани кадри. Во фабриката тврдат дека проблемот е во образованието и дека допрва дипломираните инжињери треба одново да се обучуваат затоа поедини фабрики отвориле сопствени едукациони центри.
„Во советско време се формирал систем на масовно образование на кадри и таков и останал. Во светот има многу примери каде не е така и јас сакам и руската пракса да се сврти кон насочување на кадрите потребни на економијата. Потребна е и соработка на економијата и образованието како на ниво на високо така и на ниво од средно стручно образование. Средното стручно образование кај нас било силно но за жал тоа исчезнало“, вели Евгенија Караман, ректорот на „Техничкиот универзитет на Уралската рударско металуршка фабрика“.