На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ пристигнаа 45 ракописи
Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2025 10:28
На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 45 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2024 и траеше заклучно со 1 јуни 2025 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2025 година.
Пристигнатите необјавени романи (ракописи) за возрасни, напишани на македонски јазик и со кирилско писмо, ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.
Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.
„Пегаз“ е производ на идејата за откривање квалитетни романескни писма, кои ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.
Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022), „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска-Атанасова (2023) и „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски (2024).
На претходните конкурси, спроведени од 2019 до 2024 година, пристигнаа вкупно 312 ракописи.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“




