29 Март, 2025
0.0385

НА ШАЛТЕР САМО ДО ЧЕТИРИ ЧАСОТ – Граѓаните негодуваат за работното време на банките, бараат достапност и во попладневните часови

Објавено во: Финансии 11 Септември, 2023 10:42

Добивај вести на Viber

Скратеното работно време на комерцијалните банки во земјава кое се наметна со ковид мерките, остана во функција и понатаму. Граѓаните негодуваат дека во банките за било која услуга која сакаат да ја завршат мора да излезат од работа, да користат од слободното време за ручек, или пак да користат слободен ден, доколку обврските налагаат подолг престој. 

Нејасно е зошто банките остануваат со работно време најмногу од 8 часот наутро па до 16 часот во попладневните часови кога и најголем дел од граѓаните се на работа. 

- Пред скратеното работно време имаше филијали кои работеа и до шест часот попладне, па не морав да ја користам паузата за да одам во банка. Сите функции се правеа и попладне. Сега нема таква опција. Нејасно е зошто банките работат само една смена, ниту пак има отворена филијала во сабота, а цело време се кажува дека банките прават огромни профити. Можат да вработат повеќе луѓе, не треба се да се сведе на компјутери, некои од нас не се во можност да ракуваат со компјутер и да ги вршат сите работи преку Интернет, и потребно е банките да работат кога и на клиените им треба – вели една педесетгодишна скопјанка. 

Бројките говорат дека банките во земјава имаат солидна заработка. Како што беше објавено, само за првата половина од годинава трите најголеми банки во земјава оствариле над 122 милиони евра приходи од камати и добивка над 85 милиони евра. Ова покажува дека немаат финансики проблеми и дека имаат простор за поголема вработеност, со што ќе се створат услови филијалите да ги услужуваат граѓаните и во сабота или во попладневните часови за да не губат од работното време. 

- Сите транскции се праваат преку банките. Нема плата, нема уплата за хранарина или за градинка во институциите туку исклучиво преку сметки, преку банка. Не секој може и сака да уплаќа преку Интернет, иако за многумина е дури и полесно. Но, сметам дека треба да им се излезе во пресрет на граѓаните кои не можат да плаќаат од дома преку Интернет. Да не зборуваме дека трошоците за уплата преку филијалите се драстично зголемени, намерно се прави се да се избркаат луѓето од филијалите – вели нашата соговорничка. 

Од нашата централна банка, која е задолжена за надзор врз работењето на банките, и која неодамна направи повеќе законски измени со цел заштита на граѓаните, на темата работно време, посочуваат дека овој сегмент е оставен на самите банки да го уредуваат. 

- Работното време на банките е уредено во интерните акти на банките. Според информациите со кои располага Народната банка доминантен дел од филијалите/експозитурите на банките работат до 16 часот, но има и филијали/експозитури кои работата до 16:30-17 часот, што сепак зависи од оцената на банките за можностите да работат подолго заради опслужување на своите клиенти. Исто така, 7 банки овозможуваат работа со своите клиенти и во сабота. Но, секако треба да се има предвид дека има и други начини на коишто граѓаните може да реализираат активности во банка. Имено, со развојот на новите технологии и нивната примена во платежната сфера, се повеќе услуги стануваат достапни и се користат од страна на граѓаните вон шалтерите на банките, заштедувајќи им на клиентите време и трошоци – посочуваат од Наробна банка. 

Наши сограѓани кои живеат во Германија укажуваат оти таму има дежурни банки, поточно банки кои работат до 19 часот, со што може во секое време да се добие информации или да се завршат некои обврски во самите филијали. 

- И овде поголем дел од банките затвораат во 16 часот, но има и банки кои рабоат до 19 часот. Неколку пати сум имал проблеми со плата, или пак си исплата, иако се обидувам да завршам се преку телефон, имаше ситуации кога морав да се консултирам со банкар. Тоа сум го правел попладне без никаков проблем, само што не може во секоја филијала – вели Драган Т., нашинец кој живее и работи во Германија. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

КОГА НЕКОЈА БАНКА ЌЕ „ЗАЧКРИПИ“, ЌЕ ИМА ФОНД ЗА РЕШАВАЊЕ, А ЌЕ ГО ФИНАНСИРААТ САМИТЕ БАНКИ - надлежен орган ќе биде Народната банка, еве кога стартува новата регулатива

КОГА НЕКОЈА БАНКА ЌЕ „ЗАЧКРИПИ“, ЌЕ ИМА ФОНД ЗА РЕШАВАЊЕ, А ЌЕ ГО ФИНАНСИРААТ САМИТЕ БАНКИ - надлежен орган ќе биде Народната банка, еве кога стартува новата регулатива

САМО ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ВЛОЖЕНИ НАД 320 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖНИНИ: се купувало со засилено темпо, забележан е раст од 16 проценти

САМО ВО ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ ВЛОЖЕНИ НАД 320 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НЕДВИЖНИНИ: се купувало со засилено темпо, забележан е раст од 16 проценти

НАЈНОВО РАНГИРАЊЕ, КОЛКУ ТЕЖАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ - се „шушка“ за можни купопродажни зделки, кој е во игра?

НАЈНОВО РАНГИРАЊЕ, КОЛКУ ТЕЖАТ ДОМАШНИТЕ БАНКИ - се „шушка“ за можни купопродажни зделки, кој е во игра?

ВО ОВОЈ РЕГИОН ЌЕ ВИ ПЛАТАТ САМО ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Даваат пари и за реновирање на домот, може да добиете и до 100.000 евра

ВО ОВОЈ РЕГИОН ЌЕ ВИ ПЛАТАТ САМО ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Даваат пари и за реновирање на домот, може да добиете и до 100.000 евра

СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА НАЈБОГАТИОТ ГЕРМАНЕЦ? Неговата компанија крие темно минато

СО ШТО СЕ ЗАНИМАВА НАЈБОГАТИОТ ГЕРМАНЕЦ? Неговата компанија крие темно минато

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР - Николетопулос останува сѐ додека новиот прв човек не ги добие сите потребни согласности

СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ ПОДГОТВУВА НАСЛЕДНИК НА ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР - Николетопулос останува сѐ додека новиот прв човек не ги добие сите потребни согласности

ЛУЃЕТО САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, СУМАТА СЕ БЛИЖИ ДО ТРИ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде и како решивте да ги вложите вашите слободни пари

ЛУЃЕТО САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО ДЕНАРИ, СУМАТА СЕ БЛИЖИ ДО ТРИ И ПОЛ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - каде и како решивте да ги вложите вашите слободни пари

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ, КОМЕСАР ДА БИДАМ: Земаат околу 28.000 евра плата, ама во споредба со платата на Фон дер Лајен тоа не е ништо

РОДИ МЕ МАЈКО СО КСМЕТ, КОМЕСАР ДА БИДАМ: Земаат околу 28.000 евра плата, ама во споредба со платата на Фон дер Лајен тоа не е ништо

ПРВАТА ТРАНША ВО ВИСИНА ОД 52,4 МИЛИОНИ ЕВРА „ЛЕГНА“ НА СМЕТКАТА: Муртезани со детали за парите од ЕУ

ПРВАТА ТРАНША ВО ВИСИНА ОД 52,4 МИЛИОНИ ЕВРА „ЛЕГНА“ НА СМЕТКАТА: Муртезани со детали за парите од ЕУ