На Шведска и требаат 64.000 странски работници годишно
Објавено во: Финансии, Свет 07 Декември, 2016
Поради недостиг на работна сила и за да го задржи економскиот раст. на Шведска годишно и требаат 64.000 странски работници, соопштуваат од Заводот за вработување.
Во наредните години овој проблем може негативно да влијае на земјата.
Објаснуваат дека поради недоволен број на домашно квалификувано население, потребни се странци.
Стапката на наталитет е многу ниска и со тоа населението се намалува, што ќе се одрази на јавниот, но и на приватниот сектор.
Токму од овие причини во Шведска работа добиваат луѓе кои се родени во други земји.
Шведските фирми се почесто се принудени да ангажираат странци.