18 Декември, 2025
0.0818

На Скопскиот маратон за децата со Даунов синдром ќе трча тимот на Телеком и Т-Мобиле

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2015 15:17

Добивај вести на Viber

112 вработени ќе трчаат за донација од 15 000 евра.

Тимот на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и оваа година ќе учествува на Скопскиот Wizz Air маратон, што ќе се одржи на 10 мај, 2015 година. Вработените во компаниите ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците ќе се донираат 1.000 денари и доколку сите маратонци стигнат до целта, децата со Даунов синдром ќе добијат донација од 15.000 евра.

Тимот е составен од 112 вработени во компаниите, кои ќе трчаат на 42, 21 или 5 километри.

„Пред нас е голем предизвик, зошто од нас ќе зависи износот на донацијата што ќе го добијат децата со Даунов синдром. Но, тоа е и мотив повеќе да ја завршиме успешно трката. Веќе не станува збор само за лична сатисфакција, туку за еден предизвик за хуманост“ – изјави Александар Чекоров, вработен во Македонски Телеком, кој ќе трча 42 километри.

telekom

Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, дел од  маратонскиот тим додаде: „Не постои подобро чувство од тоа некому да се помогне, и иако постои позитивна трема во сите нас, сите сме силно решени да одиме до крај. Годинава сме и многу повеќе, па еуфоријата е уште поголема, и сигурна сум дека ќе стигнеме до целта и нема да ги разочараме децата“.

Мимоза  Петревска Георгиева од Центарот за Даунов синдром се заблагодари за донацијата:

„Голема благодарност до сите маратонци и до Македонски Телеком и Т-Мобиле. Со донацијата ќе се креираат едукативни материјали со многу корисни информации потребни на семејствата, луѓето со Даунов синдром како и на експертските тимови кои се грижат за нив, што е многу важно за квалитетот на живот на овие лица. Во знак на поддршка на маратонците, дел од децата со Даунов синдром ќе ја трчаат трката на 5 километри“.

Центарот за Даунов синдром е непрофитна организација која постои од 2013 година со цел да ги идентификува проблемите и да понуди помош и поддршка на овие луѓе и нивните семејства кои многупати се маргинализирани. Донацијата ќе се искористи за едукативни материјали од областа на медицината и психологијата што ќе помогне не само за семејствата со деца со Даунов синдром, туку и за создавање на позитивен имиџ за овие лица во јавноста, што долгорочно треба да придонесе за успешно инокорпорирање во општеството и подигање на нивниот квалитет на живот.

telekom 2

Минатата година, тимот на Македонски Телеком и Т-Мобиле трчаше за донација на штитениците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“. Со донацијата во износ од 11 000 евра  се реновираа и преадаптираа просториите на центарот, што овозможи многу повеќе лица со посебни потреби да го користат дневниот центар.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!