Добивај вести на Viber
Оливер Спаовски, министерот за внатрешни работи, денеска пред медиумите го обвини судот дека е најодговорен за исчезнувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, без да се пријави на двегодишно отслужување на затворската казна за случајот „Тенк“. Првиот човек на македонската полиција рече дека судот требало навремено да одреди притвор за поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и така да ја спречи неговата недостапност за правдата, но кусото сеќавање за случајот „Труст“ и бизнисменот Сеад кочан го демантира неговото тврдење.
На 9 март лани му е одреден притвор на бизнисменот Сеад Кочан за местење тендери за ископ во РЕК Битола. Кривичниот совет ја прифати жалбата на специјалното обвинителствои издаде наредба за приведување. Ден потоа, сопственикот на „Трансмет" е недостапен за органите на прогонот.
На 15 март 2017 Специјалното јавно обвинителство откри дека осомничениотзаминал на службен пат еден ден откако Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор за случајот „Труст“ и додаде дека Кочан е избеган и никој не знае каде е седум дена.
На 13 мај истата година укинат е притворот за Кочан. Истовремено се поништи домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан два месеци претходно.