05 Декември, 2025
0.0361

На стартот на есенската сеидба, земјоделците стравуваат од нови поплави

Објавено во: Агробизнис 24 Септември, 2015 08:12

Добивај вести на Viber

Врнежите од дожд што деновиве ја зафатија земјава се добредојдени за подготовки за претстојната есенска сеидба, но земјоделците сеидбата ќе ја почнат со неизвесност. Стравуваат дека посеаните ниви можат да бидат уништени доколку повторно има поплави, бидејќи како што велат во најкритичниот, пелагонискиот регион, уништените насипи од претходните поплави сеуште не се санирани. Земјоделците од прилепскиот регион велат дека надлежните почнале со расчистување на Градската река во Прилеп, но дека сеуште не се санирани уништените насипи на споредните реки кои се влеваат во нејзе. Дополнително, новите дождови го вратија стравот кај земјоделците за можни нови поплави.  Дел од земјоделците тврдат дека сеуште не им се исплатени парите за обештетување од штети од последните поплави во овој регион. -На терен почна да се чисти Градската река во Прилеп, но сметам дека прво треба да се санираат уништените насипи на другите споредни реки што влеваат во нејзе. И не треба само да се чисти Црна река, со тоа ништо нема да се постигне доколку навреме не се санираат уништените насипи на помалите реки. Нивото на градската река и сега со овие дождови почнува да се зголемува.Тие помали реки што се влеваат во Црна може да однесат околу 400 хектари.  Дел од нивите на кои треба да посеам есенска пченица и јачмен ми се покрај река, кој ќе ми гарантира мене дека нема повторно да им поплави и дека нивите нема повторно да ми бидат уништени? Сеуште дел од земјоделците не сме добиле обештетување за уништените посеви од последните поплави. Мене треба да ми исплатат околу 10.000 евра, вели Драги Мицкоски, претседател на здружението Аграр од Прилеп. Пред два дена премиерот Никола Груевски при посетата на пелагонискиот регион , изјави дека  се работи на целиот потег на реката Црна кој е критичен, се до Новаци, а со работата ќе се продолжи се додека не се заврши во целост, за што се инвестирани околу половина милион евра, и 300 тони нафта.Премиерот Груевски изјави дека во 13 општини, околу 2.220 земјоделски семејства се обесштетени, односно во трите општини Могила, Новаци и Битола до сега се исплатени околу 985 семејства, и дека исплатата ќе продолжи. Обилните врнежи од дожд годинава поплавија над 15.000 хектари земјоделски површини во Пелагонија, а вкупната штета беше проценета на 7 милиони евра. Владата вети целосно обештетување на земјоделците кои претрпеа штети, но дел од земјоделците од пелагонискиот регион тврдат дека сеуште не ги добиле парите. Дождовите ќе продолжат и во следните денови Според прогнозите на УХМР, врнежите од дожд ќе продолжат и следните денови, но нема да интензитетот ќе биде умерен, што според агрометеролозите е добредојдено за подготвките за есенската седиба. -Во сите региони во земјава наврна различно количество врнежи. Овие дождови се додека се со умерен интензитет се добредојдени за есенската седиба, бидејќи влагата во почвата беше намалена. Но сепак тие не го решаваат проблемот со влага во некои региони каде имаше поголема суша а наврна помало количество дожд.Сега земјоделците ако имаат услови треба да почнат со подготовките за претстојната седиба, прво јачеменот па потоа и пченицата. Дождови со ваков умерен интензитет  ќе има и во следните денови, вели Ангелко Ангелески,агрометеролог од УХМР. Според оптималните рокови есенската седиба треба да започне кон средината на следната недела и да заврши најдоцна до 20-ти октомври. -Секаде каде што има услови земјоделците треба да ги почнат подготовките.Врнежите од дожд се добредојдени, а и влагата во почвата е на добро ниво. Земјоделците трба да внимваат да ги запазат оптималните рокови. Секако треба убаво да се подготвни почвата и да се стави ѓубриво. Онаму каде што имаше поплави да се направат анализи на почвата, иако понекогаш наносите од песок може да донесат да го зголемат квалитетот на почвата, вели Огнен Оровчанец, сопственик на  “Агроунија”. Поплавите не само што ги уништија дел од земјоделските прозиводи, туку дел од површините сеуште се со наноси од песок, што може да предизвика сериозни штети врз квалитетот на почвата. Агроекспертите порачуваат пред почетокот на седибата да се направат агроехемиски и педолошки анализи, за да се види составот, квалитетот на почвата и да се знае понатаму какви ѓубрива или мерки ќе треба да се применуваат. Годинешната  жетва на пченицата беше со преполовени приноси и намалено производство за околу 30 отсто,  поради лошите временски услови. Намаленото производство според упатените ќе значи и поголем увоз на пченица. Откупната цена од почетните 9 денари за килограм, сега порасна на 11 денари за килограм пченица. Дел од земјоделците сеуште ја чуваат пченицата во амбарите надејвајќи се дека откупната цена ќе се зголеми. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?