На светскиот ден на водата најави за покачување на цената
Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 15:47
Светот денеска го слави денот на водата.
Меѓународна манифестација која под закрила на Генералното собрание на Обединетите Нации – UN-Water, субјектот кој ја координира работата на ОН за вода и канализација, секоја година на 22 март со разновидни активности се одржува ширум светот.
Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниот или идниот предизвик. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.
Денес, околу половина од работниците во светот, 1,5 милијарда луѓе работат во сектори поврзани со водата и речиси сите работи зависат од водата или се поврзани со нејзина достава. Сепак, милиони луѓе чија работа е директно поврзана со вода често не ги уживаат работничките права. Темата за оваа година е „Водата и работните места“, а целта е да покаже дека доволните количини вода и квалитетната вода може да го сменат животот и егзистенцијата на работниците, па дури и да трансформира општества и економии.
Но, она што ја заголицка јавноста токму на денешниот ден е информацијата дека се подготвува нова цена на водата.
Алсат-М пишува дека се подготвува нова цена и Правилник за наплата на водата. Засега никој од надлежните не кажува за колку ќе поскапи водата за пиење што граѓаните ја добиваат од градските водоводи а само најавуваат дека сите Комунални претпријатија работат со загуби.
„Сите сакаме да плаќме помалку за вода, се разбира помала цена да платиме, помал трошок да имаме во месецот, но некој за тие услуги што нас ни ги дава троши пари. Тоа значи дека се користат некој други собрани пари за покривање на вакви трошоци. Токму оваа реформа во ЈКП ќе донесе до резултат да се усогласат и да се најде баланс меѓу тие две страни, а тоа е социјална и комерцијала страна“, рекол Стево Темелковски – заменик министер за животна средина според пишувањата на овој медиум.
Темелковски посочил дека потребни се итни реформи во јавните комунални претпријатија кои освен финансиска стабилност, на претпријатијата треба да им донесе и помала загуба на водата низ стрите водоводни мрежи. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека сите одлуки кои ќе се носат околу оваа новина, ќе мора да поминат и на советите на општините.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




