20 Декември, 2025
0.0403

На „Титаник“ се читаат смс пораки: Јанкулоска бара, Ставрески веднаш исполнува

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2018 13:07

Добивај вести на Viber

Околу 20 смс пораки беа прочитани на  денешното рочиште „Титаник“. Комуникацијата се води меѓу обвинетата Гордна Јанулоска и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во кои тие разговараат за исплаќање субвенции, пензии, денационализација и плати, во пресрет на изборите 2011 година.

Во една од пораките Јанкулоска му се жали на Ставрески „имам молба во Куманово не биле исплатени субвенции и ако имало услови побрзо да се исплатат“, на што Ставрески и одговара дека „треба некој да провери, имам списоци со субвенции што не добиле, ама ми ги пишуваа на рака пред кооперација“.

Во друга порака, Ставрески и пишува на Јанкулоска „исплативме пензии, субвенции, денеска оди за млеко, лозари, 25 милиони за денационализација, за плати… да живее ММФ, да живее Македонија“.

Јанкулоска, во смс порака го прашува Ставрески дали има „стопирани налози во култура“ и дали има проблем, на што Ставревки и оговара „не, секогаш има повластен третман Бети“, на што Јанкулоска враќа „Боже, ама баш налозите за култура се клучни за изборите“.

Обвинителката Стефановска прочита и околу 70 смс пораки меѓу Гордана Јанкулоска и советниците во во МВР Киро Тодорвоски и Ристе Ставревски од мај 2011 година, преку кои биле договарани списоци за вработување по број од гласачко место, за „тргање“ командири и полицајци кои „турбо“ работат за противници, но и за вршење работи за казни и инспекции на луѓе од месните комитети.




Фото: Гугл/Пулс24

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки