02 Мај, 2024
0.0255

На турската лира и се заканува најголем пад

Објавено во: Балкан, Економија 06 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Турската лира е на пат да забележи најголем неделен пад спрема доларот во последните година дена.

Можноста за одржување на нови избори во земјата предизвика страв во поглед на кредитниот рејтинг на Турција, што се одразува и на националната валута.

Лирата денеска се „лизна“ за 0,2 одсто, и е на пат оваа недела да ја заврши во минус од околу 4,3 одсто спрема доларот, наведува Ројтрес.

Индексите на Истанбулската берза паднаа за 0,9 одсто, и се на пат да забележат највисок неделен пад од јуни 2013 година, со загуба на вредноста од околу осум одсто. Истовремено, приносите на 10-годишните државни турски обврзници остануваат на едномесечен максимум.

Зголемената неизвесност во поглед на Турција, предизвикана од оставката на премиерот Ахмет Давутоглу, доаѓа во услови на слабеење на берзанските индекси на пазарите во развој, со шест последователен ден  на азиско-пацифичкиот индекс МСЦИ.

Турција, како што оценува Ројтерс, помина турбулентна недела, со оглед на тоа дека премиерот поднесе оставка, откако скокнаа очекувањата дека американската рејтинг агенција Стандард енд Пурс подоцна во текот на денот ќе го намали рејтингот на Турција за еден степен на „неинвестиционо ниво“.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“