16 Декември, 2025
0.1771

На Украина ќе и требаат уште милијарди

Објавено во: Свет 03 Септември, 2014 21:21

Добивај вести на Viber

На украинската економија веројатно ќе и бидат потребни милијарди долари дополнителна помош доколку конфликтот во оваа земја продолжи и во следната година, предупреди ММФ. Според Фондот, само за покривање на недостатоците во резервите на централната банка ќе бидат потребни 19 милијарди долари до крајот на 2015 година. Дури и доколку судирите се намалат во следните месеци, економијата на Украина ќе потоне за 6,5% годинава со минимален раст следната година, наведува ММФ. Аналитичарите веруваат дека штетата нанесена на украинската економија ќе биде и значително пповисока. „Завршување на конфликтот не е на повидок, па речиси е невозможно да се прават прогнози. Овогодишната рецесија ќе биде длабока, можеби и до минус осум проценти, а и следната година нема да дојде до заздравување“, вели претседателот на Одделот за истражување на пазарите во развој во лондонската банка „Стандард Чартерд“ Тимоти Еш. ММФ, кој на Украина во март и одобри пакет помош вреден 17 милијарди долари, наведува дека закана за економијата на таа земја, освен судирите, претставуваат и ризиците од нерешениот спор со Русија околу цената на гасот и долговите за претходните испораки на гас. Во замена за парите од пакетот помош од ММФ, Украина мора да ја намали јавната потрошувачка и да помине низ болни реформи, што е тешка задача за секоја влада, дури и за оние кои не се во војна. Доколку борбите не престанат, ќе биде потребна нова стратегија, која ќе вклучува значително поголема финансиска помош, проценува ММФ. Фондот наведува дека зголемената потрошувачка на Киев за одбрана, поддршка на банките и државната енергетска компанија Нафтогас ќе доведат до поголем од очекуваниот буџетски дефицит, па владата ќе мора да ја намалува потрошувачката уште повеќе во следните години.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“