19 Декември, 2025
0.0631

На власта или на опозицијата – чиј е патот кон струмичко Попчево?!

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2013 20:59

Добивај вести на Viber

Премиерот Груевски го пушти во употреба, од општина Струмица реагираа, ВМРО врати. Локалниот пат Струмица - Попчево ги скара патриите, ги збуни селаните. „Струмица и градоначалникот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, станаа „ноќна мора“ на премиерот Груевски. Не само што Груевски денеска ја крстареше Струмица, по бањи и игралишта, ставаше камен темелник, туку отиде дотаму што сечеше лента на локален пат. При тоа станува збор за проект што не е владин. Патот Струмица – Попчево, што го пушти Груевски во употреба е проект на општината Струмица и Светска банка“, стои во реакцијата од општина Струмица. Од општина Струмица велат дека општината потрошила над 7 милиони денари за експропријација на земјиштето, за да може да се изгради патот, па затоа го прашуваат премиерот, како тогаш патот Струмица – Попчево е владин проект и зошто не бил поканет ниту еден претставник од општината. Реагираа од владејачката партија од каде велат дека локалниот пат е изграден од Агенцијата за државни патишта со средства кои што подоцна ќе се исплаќаат од Буџетот на Република Македонија. „Заев и СДСМ прават исто како и Александар Петревски во Охрид, кои исто така се фалеше со патишта кои што ги има изградено Владата и жалиме што Заев тргна по тој пат, со лаги и манипулации. Зоран Заев е ангажиран само да си ги наполни џебовите на семејството Заеви. Заев освен епитетот малиот Бранко може да го носи и епитетот струмичкиот Александар Петровски со кого освен криминалот и непотизмот како заеднички особини ги имаат и начинот на изразување, фондот на зборови и начинот на склопување на речениците“, стои во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ. Локалниот пат ја поврзува Струмица со селата Попчево, Рич и Белотино. Патот е долг 6 километри и чини околу 615 илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните