На Водно сепак ќе може да се оди со автомобил, критики за Шилегов од ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 18:44
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека до Водно сепак ќе може да се оди со автомобил.
Во тој случај ќе се наплаќа паркинг 100 денари за првиот час паркирање, а секој нареден ќе биде 50 денари. Ова практично е предвидено со ценовникот во новата зона „А0“ која беше формирана вчера со одлука на Советот на Град Скопје.
„Во случајов нема идеално решение. Нашата идеја е да го дестимулираме одењето на Водно со автомобил, па тој што сака да оди со кола ќе треба да плати поскап паркинг. Истовремено и понатаму ќе важи одлуката за бесплатни автобуси до Средно Водно“- вели Шилегов.
Капацитетот на паркингот е повеќе од 200 места, а ќе се наплаќа од 9 до 16 часот за време на викенди и државни празници. Дел од средствата од наплатата на паркингот, како што наведе Шилегов, ќе се слеваат во градската каса и ќе се користат наменски за одржување на парк шумата Водно.
Ова е одлука со која елитата на СДСМ си го приватизира Средно Водно, истакна Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје. „Ова преставува и одредена финансиска дискриминација и сериозна пречка за семејствата со мали деца, за возрасните Скопјани, за лицата со хендикеп, директен атак на оние кои од реални причини не можат пешки до Средно Водно“- истакна Жугиќ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




