19 Декември, 2025
0.0859

На Заев од Владата му е доделена нова „шкода суперб“

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

На Зоран Заев како претседател на Владата на РСМ на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со моторна зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година. 

Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата.

Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со моторна зафатнина од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена  на едно возило достигнува околу 40 илјади евра.

Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период. Владата, односно Службата за општи и заеднички работи има обврска кон лизинг компанијата по завршувањето на оперативниот лизингот  да плаќа по поминат километар за секое возило.

На 17 јануари, на истиот ден кога е донесена одлуката, Заев во изјава за порталот А1он тој изјави дека нема да го искористи правото на апанажа, ниту тоа на автомоил и возач. Вели дека делумно ќе го искористи само правото на обезедување и тоа ретко. Тој има право на шест бодигарди, кои може самиот да ги одбере за да го чуваат 24 часа.

Ќе се вработам во семејните фирми, па ќе користам возило од некоја од фирмите, таму ќе земам и плата, па нема да користам апанажа, рече поранешниот премиер.

Ваква „привилегија“ Службата за општи и заеднички работи на Владата  им овозможила и на претходните премиери - Никола Груевски и Емил Димитриев со измените на Законот за Влада во 2016. Од тогаш на претседателот на Владата на кој му престанала функцијата, покрај правото да користи владино возило и службен возач онолку време колку што бил претходно премиер, има право и на лично обезбедување од шест лица вработени во МВР. по свој избор. 

Во мај 2017 пред самото негово заминување, Владата на Груевски му додели фолксваген пасат 3ц произведен во 2015 година. Новата Влада на 19 октомври 2017 година му додели на Димитриев исто така службено возило марка пасат од 2015-та. Рокот за користење кај Груевски е околу десетина години, колку што претходно беше на чело на „Илинденска“, додека времето на Димитриев е една година, односно колку што е минимално пропишаното. На оваа привилегија право имал и Оливер Спасовски, како поранешен технички премиер.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните