18 Јануари, 2025
0.0294

Набавен нов ЦТ Симулатор на Клиника за онкологија

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Нов ЦТ – симулатор е пуштен во употреба денеска на Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Со него, како што рече министерот за здравство Никола Тодоров ќе се овозможи сериозно подигнување на квалитетот на терапијата на болните од малигни заболувања.

Станува збор за софистицирана најсовремена опрема со која ќе биде заменет постоечкиот стар симулатор кој беше во функција повеќе од 14-тина години. Новиот симулатор е осум пати попрецизен и полесен за користење од страна на лекарите.

– Станува збор за набавка од 37,2 милиона денари со што во функција е ставен нов и најсовремен ЦТ-симулатор во државата, нешто без што е незамислива работата на оваа клиника бидејќи секој пациент пред да почне со зрачна терапија треба да помине на ваков ЦТ-симулатор. Новиот симулатор ќе функционира со 10-15 пациенти дневно што е сосема доволно да ги покрие комплетно сите потреби во државата, рече министерот Тодоров.

Директорот на Клиниката за онкологија Милан Ристовски потенцира дека машината има многу подобра резолуција и е многу понова генерација, а работи со 16 пати поголема брзина. На неа е приклучен контрастен жектор кој ќе овозможи да бидат направени сите контрастни методи кои даваат многу попрецизна слика за крвното снабдување на целата регија што треба да се опфати во зрачниот план. Сликата е со многу подобри перформанси, густината автоматски подобро се отчитува.

- Зрачењето не е процес кој е аналоген на сликање за лична карта и пасош. Мораме точно да знаеме што зрачиме, што треба да заштитиме и сето тоа на крај на компјутер во еден хистограм да покажеме дека туморот или седиштето на туморот точно ја прима дозата што сме ја препишале, околните ткива се максимално заштитени до одредена доза. Ако со претходниот апарат максималната густина на слајдови беше на пет милиметри, овој ни овозможува густина на слајдови на 0,5 милиметри, со што можеме да правиме и симулации на многу зрачни техники, вклучително и радиохирургија што е нашата крајна цел во наредниот период. Со тоа ќе ги имаме вкупно сите зрачни техники што постојат во светот, нагласи Ристовски.

Стариот ЦТ – симулатор кој е се уште во функција се планира да биде дислоциран и поставен во Битола како надополнување на новиот акцелератор кој е веќе набавен и треба да биде поставен. Со тоа, како што информира министерот Тодоров, ќе им се помогне на пациентите од тој дел на државата да не патуваат во Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ЛАЗАРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - ПСИХИЧКИ ПАДНАВ МНОГУ: Еве што кажа во поткастот „Кажи шифра“

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК „ПАДНА“ СО 50 ЕВРА ПОТКУП: Пронајдени пари и документација

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Температурите ќе бидат повисоки за 3 до 6 степени, еве ја прогнозата на Попоски

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЕВЕ ГИ ЖЕЛБИТЕ НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА МАКЕДОНИЈА: Досадна европска, правна држава со демократски политички систем

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

ЖОРО СЕ СРЕТНА СО ЗЕЛЕНСКИ: Еве што му порача

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АВТОБУС НА ЈСП ПРЕГАЗИ ПЕШАК: Човекот е во животозагрозувачка состојба

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

АИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ АДВОКАТИТЕ, ЗОШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО НОСИ СУДИЈАТА НА РУЧЕК: Но АИ ќе ги замени приправниците - адвокатот Јанаки со не толку добри прогнози

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции

ДЗСИ НЕ УТВРДИ НЕДОСТАТОЦИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ДЕВЕТГОДИШНОТО ДЕТЕ: Состојбата му се влошувала и покрај сите интервенции