05 Декември, 2025
0.0903

Како беше создадена Алфа телевизија, новиот национален концесионер?

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2013 21:47

Добивај вести на Viber

Советот за радиодифузија пресече,  новата национална ТВ концесија ќе ја добие телевизија Алфа.  Со ова, Алфа доби дозвола да прекине со емитувањето преку сателит и да добие одобрување за вршење радиодифузна дејност на национално ниво. Со ова  Алфа, практично доаѓа на местото на концесијата која до пред две годинија ја имаше А1 Телевизија, која се до нејзиното затварање беше најгледана и најпопуларна телевизија во Македонија. За концесијата конкурирале и Канал 77 од Штип, кој медиум наместо концесија за работа на државно ниво доби укажување „да го усогласи работењето бидејќи е констатирана недозволена медиумска концентрација“. Како настана Алфа телевизија? Телевизијата од своето основање во 90-тите години беше локална скопска телевизија која го носеше името ТВ Скопје. Потоа беше купена од страна на познатиот грчки медиумски магнат Димитрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не доби национална концесија, Грците набрзо ја продадоа телевизијата, со што нови сопственици постанаа Французи, но и тие немаа успех со работата на телевизијата. Во 2008 сопственик стана познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков, а зделката била вредна половина милион евра, пишува Википедија. Неодамна повторно се смени сопственичката структура на телевизијата. Како нов сопственик на телевизијата се наведува српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ кој го откупи мнозинкиот пакет акции од Фершпед. Алфа е една од телевизиите која процесот на дигитализација на телевизискиот сигнал во Република Македонија го дочека целосно подготвена. Во неа работат околу 150 луѓе од најразлични категории и како што објави телевизијата тие „ги остваруваат заложбите на менаџментот на телевизијата за најдобра телевизиска понуда на пазарот’. Алфа исто така е телевизијата која во текот на последната предизборна кампања заработи најмногу пари помеѓу останатите телевизии, односно вкупно 191 илјади евра од рекламирањето на партиите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј