Националните бироа на Македонија и Хрватска со договор за осигурување на возачи
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2016
Од денеска Македонија ќе има уште една земја на листата со која ќе соработува во сферата на осигурување за возачите.
Имено, генералните директори на нацоналаните бироа на Македонија Трајче Латиновски и на Хрватска Хрвоје Пауковиќ денеска треба да стават потписи на договор кој ќе им овозможи на возачите од двете држави во случај на сообраќајна незгода да добијат информации и поефикасен надомест за евентуално направената штета.
Македонија вакви договори има склучено со Србија, Турција, Грција, Словенија, БиХ, Швајцарија, Луксембург и Црна Гора.