05 Декември, 2025
0.0352

Над 100.000 хектолитри млеко продадени во декември

Објавено во: Агробизнис 27 Февруари, 2016 10:24

Добивај вести на Viber

Во декември лани се продадени 103.866 хектолитри млеко, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во рамки на истото тромесечје, во ноември  2015 година се откупени 107.496 хектолитри млеко, а во октомври се продадени 122.317 хектолитри млеко во земјава. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските и градинарските растенија, добитокот, живината и јајцата, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата, фуражните растенија, овошјето и грозјето, алкохолните пијалаци и млекото. Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2015 година откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 7.9% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 1.2%.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?