Над 1000 млекари во кумановско аплицирале за субвенции
Објавено во: Агробизнис 05 Ноември, 2016 18:02
Околу 1.100 производители на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо и кравјо млеко во период од мај до септември 2016 година.
Најмногу апликации има за кравјо, помалку за овчо млеко, а за козјо воопшто нема барања.
Апликациите за субвенциите земјоделците ги поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Висината на поддршката е 3,5 денари по литар.
Во овој дел на Македонија претходните години имаше по 1.300 апликации, но сега добитокот е намален што се одразува на барањата за субвенции.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





