19 Декември, 2025
0.0812

Над 2 милијарди долари одат за Србија за европска интеграција

Објавено во: Балкан, Економија 26 Јуни, 2015 12:59

Добивај вести на Viber

Одборот на извршни директори на Светската банка одобриле рамка за партнерство со Србија за фискалниот период 2016-2020 година.

Централниот борд и предложил на Светската банка програма за над 1,6 милијарди американски долари за помош на Србија, а Меѓународната финансиска организација - финансирање за повеќе од 600 милиони долари за 5-годишен период. Целта на оваа помош е Србија да развие конкурентна економија, која треба да и помогне во интеграцијата на земјата во Европската унија.

Одборот на извршни директори го поздрави стабилниот напредок на Србија во спроведувањето на структурните реформи, кои би требало да доведат до фискалната стабилност на земјата и да создадат услови за конкурентна економија.

Централниот борд и Групата на Светската банка претставиле стратегија за намалување на сиромаштијата во Србија и зголемување на просперитетот. Стратегијата е насочена кон враќање на српската економија кон стабилен економски раст, од кој треба да се фаворизираaт најсиромашните групи од населението на Србија.

За да се постигне раст, како што се тврди во истата стратегија, Србија треба да создаде економија, насочена кон извоз надвор од земјата, додека во исто време треба да обезбеди подобар пристап до пазарот на трудот за сиромашните работници и за луѓето со ниски квалификации.

Светската банка, исто така, се обврзува да создаде програма која ќе и помогне на Србија да привлече инвестиции кои се од нејзини потребни за да се отворат нови работни места и да се постигне економски раст.

„Србија има историската можност да изврши важни реформи и да си помогне на патот кон просперитет и интеграција со Европската унија“, велат од Светската банка. „Ние веруваме дека оваа реформа ќе помогне да се врати економскиот раст, кој е важен за намалување на сиромаштијата“, изјавиле од Светската банка. Според нив, крајната цел е „да се подготви земјата да стане достоен член на Европската унија“.

И во моментов Светската банка поддржува осум проекти во Србија, кои се во вкупна вредност од 1,2 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен