Добивај вести на Viber
Вкупно 33.253.658 евра годинава се обезбедени за субвенции на руралниот развој. Парите се поделени во две категории. За првата категорија се предвидени 31.400.000 евра и овие сресдтсва се наменети за субвенции за обука и информирање на земјоделците, помош за млади земјоделци, инвестиции за модернизацијха на земјоделското производство, маркетинг, инфраструктура, органско производство, подобрување на квалитетот на животот во руралните средини и друго. Од оваа категорија најмногу субвенции или 9.261.728 се планирани за инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, над 5 милиони евра се наменети за субвенции за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, над 4,4 милиони евра се планирани за субвенции за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја а за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини се предвидени нешто повеќе од 4,5 милиони евра. Дел од парите се наманети за подмирување на неисплатените субвенции од претходнмите години.
За мерките од оваа категорија можат да конкурираат земјоделците, агробизнисмените, а за дел и јавните институции. Така за мерката Советодавни услуги во земјоделството можат да конкурираат јавните институции од областа на образованиетои научно-истражувачката работа за земјоделство и шумарство, национални земјоделски здурженија и правни лица основани за вршење дејност од областа на советодавни услуги во земјоделството и шумарството.
Парите од мерката за Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, се распределуваат како неповратна финансиска поддршка за инвестиции за следните намени:
- Набавка на добиток 243.902 евра
- Набавка на пчелни матици 8.130 евра
- Подигање на лозови и овошни насади и медоносна флора 317.073 евра
- Набавка на опрема за систем капка по капказа пченка,сончоглед,фуражни култури и бунари за наводнување 243.902 евра
- Набавка на земјоделска опрема и механизација за житни и индустриски култури 180.154 евра
Средствата од мерката за Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството се наменети за одржување на каналската мрежа за одводнување и наводнување на земјоделското земјиште, инвестиции во водостопанство и инвестиции за поставување на громобранска заштита во бачилата.
За оваа мерка можат да конкурираат јавните водостопански претпријатија и ЈП за Стопанисување со пасишта.
Нешто повеќе од 713 илјади евра годинава се предвидени за субвенции за земјоделските задруги. Во делот на оваа мерка земјоделците ќе можат да конкурираат за субвенции за
основање и функционирање на земјоделски задруги, организирање на информативни и промотивни активности за земјоделски производи, инвестиции за набавка на механизација во висина од 90% од вкупната вредност на набавката, помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување.
Средствата од мерката за Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини се доделуваат како неповратна финансиска поддршка за инвестиции во локалната патна инфраструктура за поврзување на две села или село со град, инвестиции во канализациони системи, инвестиции во објекти и опрема за за организирање на продажба жив добиток во рурални средини.
За мерките од втората категорија од Програмата за рурален развој се предвидени субвенции во висина од 1.853.658. Парите се наманети за тенничка поддршка во земјоделството и руралниот развој, организирање и спроведување на манифестации и саеми, помош за маркетинг на земјоделските проиозводи, изработка и публикување на едукативни,информативни и стручни материујали, инвестициони вложувања за воспоставување на научно-демонстративни примери, трошоци за изработка на геодетски елаборати и друго.
Околу 102 милиони евра за финансиска поддршка за земјоделското производство
Оваа година за развој на земјоделското производство се планирани близу 102 милиони евра. Вкупно со субвенциите наменети за руралниот развој, директната финансиска поддршка годинава за аграрот ќе изнесува 150 милиони евра. Според податоците од Програмата за Финансиска поддршка на земјоделство 2015 година објвена во Службен весник, најголем дел од субвенциите или 50.617.886 милион евра се наменети за растителното производство, 34.146.341 евра се предвидени за субвенционирање на сточарството, над 302 илјади евра изнесуваат субвенциите за премии и осигурување. Со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2015 година, се предвидени 13.821.138 евра за исплата на субвенции од претходните години. Остатокот од парите се предвидени за субвенции за заштита на земјоделско земјиште, помош заодделни категории на земјоделци, помош во сточарскиот сектор и за материјални трошоци за спроведување на Програмата. Критериумите за добивање субвенции остануваат исти како и минатата година, односно висината на поддршката се намалува со зголемување на пријавените површини или грла добиток.
Од Сојузот на земјоделци, побараа субвенциите за индивидуалните земјоделци да се зголемат, а за фирмите да се намалат.
Агроекспертите сметаат дека освен висината парите што се одвојуваат за финансиска поддршка на земјоделството, многу поважно е пред да се планираат парите да се напарават анализи каква била реализацијата на исплатата на субвенциите во претходните години.Според дел од експертите државата треба да се насочи кон субвенционирање на секторите од кои се произведува храна, бидејќи увозот на храна постојано расте.
-Најголем дел од субвенциите во растителното производство се наменети за тутунот. Точно е дека извозот на тутун е важен, но ние немаме храна. Парите што доаѓаат од извозот на тутун ги трошиме за увоз на храна, наместо да стимулираме поголемо производство на храна, да се зголемат површините и производството и на пченица и јачмен кои последниве години се намалуваат. Мал процент од субвенциите се одвојува за семе и саден материјал а од тоа ни зависи колкави и со какво квалитет ќе ни бидат приносите. Затоа потребно е да се прават анализи за да се види кои се вистинските потреби на државата. Исто така кога се планира буџетот за новата земјоделска година, треба да се направи анализа што е остварено и реализирано претходните години.Развивањето на оддржливо земјоделско производство, бара спроведување на оправдана во однос на целите и доследна во однос на мерките и дејствијата долгорочна секторска политика за развој. Успешниот развој на македонското земјоделство и реализацијата на неговите оштествени функции бара јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика,комлексни мерки и дејствија за нивно оствараување, вели агроекономистот, Борис Анакиев.
Изминативе години субвенциите постојано растат. Агроекономистите велат дека постојат релевантни податоци за земјоделството од кои се заклучува дека има определен придонес во севкупната економија како зголемен БДП, зголемен извоз, поголеми приноси. Но предупредуваат дека постојат и индикатори кои укажуваат на намалени производни капацитети и голем увоз на храна. Според податоците од Националната стратегија за развој на земјоделството и руралниот развој 2014-2020 година, ако во 2007 година увозот на земјоделско-прехрамбени производи изнесувал над 461 милиони евра, во 2013-та година вредноста на увозот изнесува над 654 милиони евра.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: