29 Јуни, 2024
0.0248

Над 46.000 кинески милионери си бараат дом!

Објавено во: Свет 12 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Голем број кинески милионери, од кои дел своето богатство го стекнале во сивата економија, во последните неколку години бараат начин своето богатство и семејствата да ги префрлат на Запад. Дури 46.000 кинески богаташи се пријавиле на „Програмата за имигранти-инвеститори“ во Канада, така што заради преголем интерес оваа програма мораше да биде стопирана. Како што пишува „Саут Чајна морнинг пост“, одлуката на канадскиот министер за финансии Џим Флаерти практично го стопираше издавањето на 59.000 доселенички визи, од кои дури 70% требаше да им припаднат на државјани на Кина. Сите тие, според правилата на програмата, располагаат со богатство од 1,5 милиони долари, а се согласиле на канадските власти во замена за визата да им дадат петгодишен кредит од 750.000 долари. Таа виза подоцна би можела да ги доведе до државјанство. Канада ја стопираше програмата со објаснување дека со неа се поткопува вредноста на правото на живот во Канада, како и дека нема доволно докази оти имигрантите-инвеститори навистина и донеле економски бенефит на земјата. Дури 3/5 од Кинезите кои имаат повеќе од 1,6 милиони долари се пријавиле на програмата со надеж дека ќе добијат виза. Најголем дел од нив богатството го стекнале преку пазарот за недвижности, инвестиции, но и со трговија на црниот пазар или со корупција. Канада не е единствената која ги отвори вратите за нивниот капитал - САД минатата година издаде 6.900 визи за државјани на кина преку програмата ЕБ5, во која услов за виза е инвестиција од 500.000 долари во бизниси кои ќе отворат работни места. Австралиската програма „Виза за важни инвеститори“ привлече 595 пријави, од кои речиси 500 се од Кина. Од инвеститорите се бараат вложувања од 4,5 милиони долари и чисто досие. Слични понуди за богатите Кинези нудат и Велика Британија, Португалија и Кипар.

Можеби ќе ве интересира

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?