Над 600.000 луѓе ја посетиле Спомен куќата на мега ѕвездата Тоше Проески
Објавено во: Македонија 25 Април, 2018 06:35
Спомен куќата на Тодор Проески во Крушево досега ја посетиле повеќе од 600.000 луѓе.
Таа постои од 2011 година, и до денес примила над 600 000 посетители, туристи, фанови, вљубеници на Крушево и почитувачи на ликот и делото на Тодор Проески, вели директорката Елена Мирчевска.
„Нескромно ќе кажеме дека се вбројуваме во плеадата на музеи и национални институции во земјава со огромен број на посетители, домашни и странски. Од целокупниот број на посетители околу 30% се странски посетители и тоа најчесто од соседните земји, како, Србија (фанови Бубице). Словенија, Хрватска, Грција, огромен број на посетители од Бугарија и Русија, но имаме и од подалечните земји како Америка, Канада, Холандија, а доста чести се и нашите повратници од Австралија. Бидејќи местоположбата на Крушево овозможува и нуди услови за летање на змаеви како и параглајдери, со оглед дека тука се оддржуваат европски, светски натпревари и подготовки, доаѓаат и луге од сите краеви и земји“ – вели Мирчевска.
Во Спомен куќата изложени се над 350 експонати, предмети од детството, секојдневието, музичката кариера, облеката, инструментите, музичката опрема, наградите, признанијата, восочните фигури на пејачот и уште многу содржини. Мирчевска вели дека тие не ги оставаат рамнодушни посетителите на објектот, кои ја чувствуваат на тој начин енергијата, емоцијата, духот на самиот Тоше како и неговите песни, неговата хуманост, приказните за делата, сторените добробити и што уште не.
„Поставките се менуваат два пати во годината, на денот на прославувањето на неговиот роденден и денот на трагичниот настан. Преку низа на проекти, активности, изложби, музички едукативни работилници, хуманитарни акции како и крводарителски акции, се трудиме да го промовираме музејот како и да продолжиме да градиме позитивни елементи кои правилно ќе го отсликаат ликот и делото на нашиот Тоше“ – објаснува Мирчевска.
Спомен куќата е мотив повеќе за многу туристи од земјава и пошироко да го посетат родното гратче на Проески.
Инаку, Владата вчера на 65-та седница на предлог на Министерството за култура ја усвои предлог програмата за користење на средства за изградба на спомен обележје на Тодор Проески во Крушево, со која средствата обезбедени во буџетот се префрлуваат на општина Крушево.Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




