06 Декември, 2025
0.0486

НАД 8.000 ЛУЃЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА: Најголемиот дел се на возраст од 30 до 49 години

Објавено во: Економија, Корона Вирус 06 Мај, 2020 16:40

Добивај вести на Viber

8.160 луѓе за неполн месец останале без работа во Македонија. 

Од 11 март до 30 април се евидентирани нови 8.160 невработени лица, информираше Агенцијата за вработување.

Од нив 4.279 лица (52,4 отсто) се без работа поради истек на определено време, 1.987 лица (24,4 отсто) поради спогодбен престанок на работен однос, 853 лица (10,5 отсто) се поради отказ од работодавач, 597 лица (7,3 отсто) се поради отказ од страна на работникот.

Потоа 199 лица се поради отказ од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени), 68 лица се поради стечај – ликвидација, 37 лица се поради престанок на дејноста на работодавачот, а останатите 140 лица се поради други основи на престанок (записник од Државен инспекторат за труд, судска пресуда и сл.).

Според претежната дејност на работодавачот, најголем дел од лицата кои останале без работа се од преработувачката индустрија (2.804), од дејноста трговија на големо и трговија на мало (1.705), како и од дејноста објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.243).

Најголемиот дел се на возраст од 30 до 49 години.

Претходно, се појавија податоци според кои за март и април без работа останале 9.000 луѓе. 

Пандемијата на коронавирусот доведе до тоа голем број луѓе да останат без работа. 

И во развиените земји бројот на невработени ќе порасне поради пандемијата. 

За Германија прогнозите се дека бројот на невработени ќе се зголеми за 500.000, односно ќе биде над 3 милиони вкупно. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?