Добивај вести на Viber
По најавената опасност од појава на афлатоксин во пченката и млекото и болести кај животните во земјите зафатени од поплавите, од македонската Агенција за храна и ветеринарство уверуваат дека конторолните механизми за увоз се на високо ниво. Од Агенцијата велат дека нема опасност од увоз на млеко или пченка со афлатоксин, бидејќи мерката за зајакнати контроли при увозот на млеко и пченка од Србија, Босна и Херцеговина и од Хрватска која се воведе пред година и половина сеуште е на сила.
- Во вакви случаи секако дека наметнуваат зајакнати контроли, но контролните механизми за афлатоксин во млекото и пченката и сега се зајакнати. Ги воведуваме уште пред година и половина кога се случи првиот онцидент, и од тогаш сеуште не се повлечени односно сеуште се на сила. Просто кажано тоа значи дека секоја пратка на млеко и млечни производи која што доаѓа од овие земји односно Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска сеуште подлежи на задолжително испитување за присуство на афлатоксин и не се пушта во промет се додека не стигнат резултатите од лабораториските анализи. Доколку анализите се добри пратката се пушта во промет, а доколку не се добри реузлтатите, пратката се враќа или се уништува. Така што апсолутно нема можност да ни се повтори она што ни се случи пред година и половина, вели д
иректорот на агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.
Од Агенцијата велат дека не само што нивните инспектори на граница вршат контроли, туку во целиот механизам е вклучен и Државниот инспекторат за земјоделство. Уверуваат дека состојбата постојано се прати, но дека сепак во вакви случаеви се подига нивото на контрола.
- Овошје и зеленчук немаме голем увоз, но сепак Агенцијата постојано ги прати случувањата како и во земјите од регионот но и пошироко. Секако дека при вакви случувања подига нивото на контрола односно мониторинг, и тоа на едно скалило погоре. Тоа значи дека се зголемува бројот на мострите кои се земаат, бидјеќи прегледот на граница е задолжителен за секоја пратка која што влегува во државата, објаснува Рунтевски.
По најавата на босанските ветеринари дека поради големиот број на угинати животни постои опасност од појава на болести како антракс, беснило и други, од македонска страна институциите смируваат дека нема опаснот од увоз на заразено месо.
- Во делот на месото апсолутно е невозможно да дојде месо кое не одговара на стандардите на безбедносните криетериуми, бидејќи во Македонија може да се увезе месо кое единствено е заклано во официјални објекти одобрени од надлежниот орган, мора да биде прегледано животното и по колењето и мора да биде пропратено со задолжителен сертификат каде се наведува дека не потекнува од подрачја каде има заразни болести и епидемии. Покрај тоа задолжителна е контролата на граничните премини земањето на мостри и не очекуваме проблеми. Ние сме во постојана комуникација со нашите колеги од Србија, Босдна и Херцеговина и од Хрватска, но засега нема појава на некои заразни болести бидејќи поплавите само што завршија пред неколку дена. Но штом добиеме некакви информации за појава на болести нормално дека ќе го подигнеме степенот на подготвеност. Има очекувања дека би можело да се појави беснило или некои други болести, но состојбата ја пратиме и ги следиме информациите, вели Рунтевски .
Босанските експерти го вклучија алармот
Од босанскиот Ветеринарна комора веќе алармираа дека има илјадници грла угинати животни, во голем дел крупна стока која е во фаза на распаѓање, поради што постои опасност по поплавите во Босна и Херцеговина да има појава на заразни болести – антракс, беснило, и многу други кои се пренесуваат на човекот, предупредуваат експерти од БиХ. Ветеринарниот факултет ќе ги стави на располагање своите лаборатории за проверка на безбедноста на храната од животинско потекло и лабораторија за сточната храна, со напомена дека се очекува појава и на афлатоксин во житарките, по што и во млекото.
Вчера пет камиони со по 30 тони угинати животни во поплавите во Босна и Херцеговина беа натоварени денеска и заминаа за Инџија во Србија, каде што ќе бидат запалени.Само во реонот меѓу општините Домаљевац и Шамац, кој 95% е под вода, лежат угинат над 2.000 животни, кои мора да бидат остранети што поскоро поради опасноста од појава на зарази.
Земјите од регионот подложни од појава на афлатоксин
Земјите од регионот важат ризични подрачја кога станува збор за појава на афлатоксин во житариците и во млекото. Пред година и половина во огромни количини на пченка но и на млеко од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска, беше утврдено присуство на афлатоксин над дозволените граници. Тогаш Македонија донесе одлука дека млеко и млечни произоди од овие земји може да влезе во Македонија доколку нивото на афлатоксин не е над европската граница од 0,05 микрограми во килограм млеко. Во српскиот правилник за млеко дозволеното ниво на афлатоксин беше 0,5 микрограми во килограм, дури пред една недела ја корегираа границата односно го прифатија европското ниво од 0,05 микрограми.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека токму поради овие причини мерката воведена пред година и половина сеуште не се укинува.
- Храната од увоз се контролира и е безбедна не само онаа што доаѓа од Србија туку и од Босна и Херцеговина и од Хрватска, односно оние региони кои беа погодени од поплавите.Мерката не е тргната односно е на сила година и половина, од причини што целиот регион важи за ризичен во однос на појавата на афлатоксин и ние се одлучивме мерката што тогаш ја воведовме да не ја повлечеме. Секоја пратка на млеко и млечни производи што влегува во земјава мора да биде задолжително испитана и стои во магацините додека не се добијат резултатите, вели Рунтевски.
Аферата афлатоксин предизвика огромни штети на земјоделството, но и на млекопроизводството во целиот регион, откако се утврди дека отровната пченка се користела за исхрана на добитокот, а афлатоксините се префрлиле и во млекото.Млекото од македонските производители беше едно од ретките во регионот каде што не беше регистрирана зголемена концентрација на афлатоксин и успеа без проблеми да ја преброди кризата.
Т.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: