Надлежните бараат винариите да го почитуваат рокот за исплата на грозјето
Објавено во: Агробизнис
10 Април, 2014 12:45
Добивај вести на Viber
Сите винарски визби да го почитуваат законскиот рок за исплата на грозјето од ланската реколта, кој истекува на крајот на овој месец, побара директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, кој синоќа во Кавадарци се сретна со претставници и на лозарите и на винариите.
„Исплатата на грозјето откупено лани треба да заврши до крајот на овој месец. Ги имаме предвид интересите и на лозарите и на винарите и се грижиме и за едните и за другите, бидејќи тие се составен дел на лозаро-винарството. Лозарите не можат без винарите и обратно“, изјави Стаменов.
Тој потсети дека за неплаќачите се предвидени и законски санкции, а освен тоа тие ќе ја изгубат и довербата на лозарите кои во иднина ќе избегнуваат да ги снабдуваат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?