Надлежните незадоволни од концесиите за ископ на песок и камен во штипско
Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2013 17:36
Во првите три месеци општина Штип добила 850 илјади денари од концесиите кои што ги плаќаат фирмите кои експлоатираат песок и камен во Лакавичкиот регион и Ежово поле, информираше градоначалникот, Илчо Захариев кој додава дека овие пари се далеку помали во споредба со општините во источна Македонија, каде што има рудници за бакар и олово-цинк.
„Моментално имаме три активни места за експлоатирање, тие се наоѓаат во Лакавичкиот регион и некои кои се пробни во делот на Ежово поле. Но, ние немаме увид колку е експлоатирана суровина и дали реално плаќаат. Обврска е дадено на нашата администрација во општината, а веќе имавме комуникација со Министерството за економија добивме податоци од нив, за да понатаму се што се работи општината биде информирана, за да секој денар кој ќе биде исплатен и припадне на општината и да направиме нешто добро за граѓаните“, рече Захариев.
Тој вели дека средствата кои ги добива општината од концесиите за црпење на песок и камен се минимални, имајќи во предвид колку се деградира и уништува животната средина во Лакавичкиот регион, а особено дабовата шума кон селото Љуботен.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





