Надлежните си ја префрлаат топката: Кој ја кочи исплатата на субвенции?
Објавено во: Агробизнис 24 Април, 2017 20:52
Земјоделците извисени, надлежните министри си ја префрлаат топката, субвенции нема.
Но, има најава за протести.
По барањето на одговор, се огласи и министерот Кирил Миноски кој се правда дека главна пречка за исплатата на субвенциите за земјоделците е Изборниот законик.
„Главна пречка за исплатата на субвенциите се одредбите од Изборниот законик. На земјоделците од 2006 до 2016 година им се исплатени милијарда и 55 милиони евра субвенции, пред тоа тие воопшто не добиваа субвенции.Секогаш кога има можност Министерството за Финансии им излегува во пресрет на земјоделците“. - велат од министерството за финансии.
Засега неизвесна е средбата на Миноски со земјоделците, а дека проблемот Изборниот законик е призна и министерот за земјоделство Михаил Цветков.Сепак тој уверува дека решение ќе се најде. Но додека едни на други ја префрлаа вината, земјоделците решија повторно да излезат на протест.
Утре најавија блокади на неколку патни правци во земјава и пред Министерството за земјоделство во Скопје.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





