15 Декември, 2025
0.0331

НАФТА: Глобалната побарувачка ќе расте најмалку до 2034 година

Објавено во: Економија 29 Мај, 2024 20:54

Добивај вести на Viber

Побарувачката на нафта во светот ќе расте. Глобалната побарувачка за нафта ќе расте најмалку до 2034 година. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) е оптимист за растот на светската побарувачка за нафта годинава и во 2025 година. Генералниот секретар на организацијата Хајтам ел Гајс на состанокот во Виена кажа дека очекува глобалната побарувачка за нафта оваа година да се зголеми за 2,2 милиони барели дневно на вкупно 104,5 милиони барели дневно.

Во 2025 година, побарувачката за нафта се очекува да порасне за 1,8 милиони барели дневно, на 106,3 милиони барели дневно.

Цените на нафтата се стабилизираа на нивото над 84 долари за барел на меѓународните пазари во средата, поддржани од индициите за силна побарувачка во САД и проценките дека водечките производители ќе ја намалат понудата во втората половина од годината.

Иран планира да го зголеми производството на нафта од 3,6 на четири милиони барели дневно.

Според агенциите, Иран во првиот квартал од оваа година просечно извезол 1,56 милиони барели нафта дневно.

Лани Техеран извезол во просек 1,29 милиони барели дневно, што е за 50 отсто повеќе од 2022 година.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност