29 Септември, 2024
0.0256

„НАФТАШИТЕ“ НЕ САКААТ МНОГУ ДИРЕКТОРКИ ЖЕНИ, А „МАШКАТА РАКОВОДНА РАКА“ НОСИ ПОВЕЌЕ ДОБИВКА - што друго покажа анализата на Берзата

Објавено во: Економија 09 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Колку имаме жени директорки и дали тие успешно раководат со своите компании, подеднакво како и мажите? Вчерашниот празник, Денот на жената, 8 март, бил интересен повод за Берзата да направи истражување на македонските акционерски друштва.

Во својата родова анализа спроведена кај котираните компании на Берзата, при што треба да кажеме дека тоа се секако најрелевантните претставници на македонскиот бизнис, од македонскиот пазар на капитал педантно избројале колку жени има како извршни директорки или како членови на органите на управување, наспроти мажите, но и какви резултати тие оствариле во своето работење.

Еве до какви резултати дошле во својата родова анализа.

На Берзата има вкупно 91 котирано акционерско друштво, и тука не се вклучени оние компании кои поради разни причини се суспендирани од котација на Берзата. Во тие 91 компанија има вкупно 581 членови во органите на управување, односно тоа се извршни директори, како и членови на управните и на надзорните одбори.

Ако се гледа колку жени има процентуално во органите на управување во котираните акционерски друштва, ќе се дојде до поразителен податок дека тоа се нецели 25 проценти, или прецизно 24,8 отсто. Што значи дека само со една четвртина учествуваат жените во органите на управување, додека на мажите им преостанува „царство“ од 75,2 отсто.

Но, ајде да видиме уште една многу позагрижувачка информација, а тоа е дека има многу помалку жени на самиот врв, односно се извршни директорки или претседателки на управните одбори на компаниите. Па така, на овие главни позиции во котираните компании се генерално мажи, и тоа 83,5 проценти, додека жени се само 16,5 отсто.

Ако се гледа, пак, колку жени има во органите на управување во фирмите кои се елементи на главниот Македонскиот берзански индекс, а тоа се десетината најмоќни и најзначајни македонски фирми чии акции се најтргувани на Берзата, таму има малку подобри бројки. Па така, учеството на жените директорки или во управните одбори на фирмите кои го сочинуваат МБИ10 бил 25,3 отсто, додека остатокот повторно доаѓа во „светот на мажите“.

Од Берзата направиле и интересна анализа за тоа колку жените учествуваат во органите на управување и тоа според дејноста на компаниите.

Па така, убедливо најмалку жените се директорки во компаниите со дејноста трговија со нафтени деривати, и тоа само 6 проценти тие се на раководни позиции, а дури 94 отсто се мажи. Што ќе рече дека „нафташите“ не сакаат да им директоруваат жени, веројатно тоа е бизнис предоминантно за машкиот свет.

Потоа според малиот број на жени во раководствата следува фармацевтската дејност, каде 88 отсто од членовите во органите на управување се мажи, а 12 проценти се жени.

И осигурителниот бизнис не може да се пофали со многу жени во своите директорски редови, па така, дури 85 отсто од раководните лица се мажи, а жени се само 15 проценти.

И, за најголема попфалба за учеството на жените во органите на управување има во земјоделските фирми, каде учеството на жените е дури 37 отсто.

Но, ако како жени сакаме да бидеме и фер, една работа од анализата на Берзата не ни оди во прилог, а тоа е дека компаниите раководени од мажи остваруваат генерално повеќе добивки од жените.

Еве што покажува анализата. Од вкупно 14 компании кои имаат жени за извршни директорки или претседателки на управни одбори, добивка лани оствариле 78,6 проценти, додека со загуба работеле 21,4 отсто од „женските компании“.

Мажите, пак, кои се многу повеќе директори на број, управувале со 62 котирани компании во земјава, и од нив со загуба работеле само 16,1 отсто, додека со добивка дури 83,9 проценти. Што би значело дека „машката директорска рака“, колку и тоа да не звучи убаво, знае да и донесе поголема добивка на компанијата со која управува.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија