Нафтата паѓа трета недела - што се очекува понатаму?
Објавено во: Анализа 29 Октомври, 2018 16:44
Цените на нафтата паднаа и минатата недела на светските пазари.
Ова е трета недела по ред како паѓаат, и тоа е последица на забавувањето на растот на најголемите светски стопанства, поради што би можела да ослабне побарувачката на енергенси. Но, понудата на нафтата на крајот на годината би можела да скокне.
На лондонскиот пазар цената на барел минатата недела се намали за 2,7 отсто, на 77,60 долари, а на американскиот пазар еден барел поевтини за 2,3 отсто, и се тргуваше за 67,60 долари.
Сè до почетокот на октомври цените на нафтата растеа поради најавата на санкции на САД врз иранскиот нафтен сектор во почетокот на ноември, што ги поддржуваше стравувањата дека понудата на светските пазари ќе биде значително помала од побарувачката.
Во последните недели овие стравувања се намалија, меѓу другото, поради најавата на Саудиска Арабија дека може да го зголеми производството ако тоа биде потребно.
Саудискиот министер за енергетика, Кхалид ал-Фалих кажа минатата недела дека состојбата на пазарот на нафтата е „добра“.
„Ќе решиме дали постојат некакви нарушувања во понудата, особено со оглед на претстојните санкции спрема Иран. Потоа ќе продолжиме во согласност со досегашната политика, која предвидува намирување на евентуална поголема побарувачка за да бидат купувачите задоволни“, вели Фалих.
Тој не ја исклучува можноста Саудиска Арабија да го зголеми производството за милион до два милиони барели дневно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





