Нафтата поевтини за 20 центи
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Јули, 2020
Се намали цената на нафтата.
Инвеститорите вложуваат во сигурен имот поради растот на новозаболени со коронавирусот во светот и поради тензиите помеѓу САД и Кина.
Цената на северноамериканската нафта брент се намали за 20 центи или за 0,5 проценти и се тргуваше за 43,14 долари за барел, а американската ВТИ (WTI) нафта забележа пад од 14 цени или 0,4 отсто и барел се тргуваше за 41,15 долари.
САД произведува помалку нафта.
Инвеститорите се обидуваат и да ги согледаат евентуалните последици од ураганот „Хана“, кој за време на викендот го погоди брегот на Тексас.Производителите и преработувачите на нафта велат дека не очекуваат последици од ураганот.
Хана, првиот ураган од годинешнава сезона на Атлантикот, ослабна откако во неделата го погоди Тексас. Силниот ветар превртуваше камиони и уриваше далноводи, но и дел од ѕидот на границата со Мексико.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.