29 Септември, 2024
0.0254

Нафтата поскапе, намалени залихите во САД

Објавено во: Економија 21 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата во текот на денешното тргување во Азија се зголемија, благодарение на падот на залихите на американската лесна нафта, кој поттикна надеж дека глобалните залихи на тој енергент ќе бидат намалени, наведуваат аналитичарите.

Aмериканската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во јули поскапе на Њујоршката берза 22 центи на 59,20 долари, додека нафтата од типот „брент“ за јулската испорака во Лондон поскапе 32 центи на 65,35 долари.

WTI вчера поскапе 99 центи, а „брент“ 1,01 долари, откако најновиот извештај за залихите на нафта во САД покажа дека тие се намалени повеќе отколку што се очекуваше.

Американското Министерство за енергетика соопшти дека залихите на комерцијална нафта паднале за 2,7 милиони барели во неделата заклучно со 15 мај, додека аналитичарите кои ги анкетирал „Блумберг“ очекувале пад од 1,75 милиони барели. Покрај тоа, дневното производство на нафта истовремено е намалено за 112.000 барели на 9,26 милиони барели, после растот од 5.000 барели од претходната недела.

Аналитичарите и инвеститори исто така ги следат напорите на Обединетите нации да покренат политички преговори во Јемен , во време кога растат стравувањата дека немирите од Јемен би можеле да се префрлат и на соседните земји, Саудиска Арабија и Иран, кои се големи произведувачи на нафта.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија