06 Јули, 2024
0.0268

Нафтата повторно поефтини

Објавено во: Свет 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Нафтата поевтини во петокот во резултат на внимателноста на инвеститорите пред последните податоци за вработувањето во САД, кои се очекува да одиграат сериозна улога за одлуката на Федералните резерви за зголемување на каматните стапки, соопштува Ројтерс.

Цената на нафтата варира во тесен опсег, а трговијата беше слаба, бидејќи кинеските пазари се затворени за втор ден поради прослави по повод крајот на Втората светска војна.

"Имаше движења и нагоре, и надолу во одредени рамки, што ги носи сите обележја на пазар во чекање", вели Бен Ле Брун, пазарен аналитичар во OptionsXpress во Сиднеј.

Цената на нафтата брент за испораки во октомври падна за 58 центи до 50,10 долари за барел, откако во претходната седница заврши со раст од 18 центи. Претходно во петочната сесија  нејзината цена достигна до 50,87 долари за барел.

Фјучерси за октомври на американската сурова нафта West Texas Intermediate пдна со 66 центи до 46,09 долари за барел, откако достигнаа врв од 46,85 долари за барел порано во текот на денот. Во четвртокот нафтата забележа зголемување од 50 центи.

"Ако податоците за вработеноста надвор од земјоделскиот сектор се покажат подобри, цените на нафтата може да се зголемат, бидејќи тоа би значело пораст на американската економија", велат од Phillips Futures во петокот.

Слаби податоци за вработување може да ги притиснат цените надолу, предизвикувајќи индексите на Брент и WTI да бараат поддршка на цени од соодветно 44,92 долари и 49,69 долари за барел.

Американските централни банкари најверојатно ќе ги користат податоците за вработеноста во август, кои мора да бидат претставени подоцна во текот на денот, како дел од проценката дали да ги зголемат каматните стапки оваа година на следната средба на Федералните резерви (ФЕД) на 16-17 септември .

Силниот долар останува "јасна и реална опасност" за нафтените пазари, вели Ле Брун, бидејќи поради него суровините, цените во зелената валута, стануваат поскапи за имателите на други валути.

Инвеститорите ги следат со внимание и податоците за нафтени бунари во САД, кои исто така треба да бидат презентирани подоцна во текот на денот и ќе го покажат нивото на резерви. Секој пад во бројот на бунарите може да ги поддржи изгледите пред цените на нафтата.

BNP Paribas ја намали прогнозата за цената на Брент до 56 долари за барел за 2015 година и до 62 долари за 2016 година, а на WTI - до 51 долари за 2015 година и 56 долари за 2016 година . Според BNP големиот светски вишок ќе го спречи секој експресивен раст во првата половина на 2016 година.

Извршниот директор на Роснефт Игор Сечин во петокот изјави дека Русија може да го зголеми производството на нафта до 700 милиони тони годишно (14 милиони барели на ден) и да изнесе 300 милијарди кубни метри природен гас годишно до Кина.

Можеби ќе ве интересира

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир