06 Октомври, 2024
0.0291

Нафтата се искачи над 60 долари после преговорите со Грција

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Во изминатиот ден основните стоки го запишаа неодлучно претставувањето. Американската нафта заврши со заработка за втор пат во последните три сесии. Загриженоста на инвеститорите во вчерашниот ден беа поврзани со можниот негативен пресврт на преговорите меѓу Грција и доверителите.

Од почетокот на месецот се водат интензивни преговори меѓу нашиот јужен сосед и тројката кредитори. Со приближувањето на крајот на јуни се приближува и крајниот рок за исплата на 1,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд. Двете земји се обидуваат да стигнат до консензус, кој ќе го одложи најлошото сценарио, кое е излез на земјата од еврозоната и Европската унија.

Инвеститорите во нафта се загрижени дека ваквата разврска ќе има силно негативно влијание врз цената на суровината, бидејќи е можен излез на Грција од монетарната унија да создаде ефект на снежни топки  кој ќе влијае и без тоа на кревкиот економски раст на Стариот континент. Ова, за возврат ќе ја намали побарувачката на стоки како нафтата и ќе изврши притисок врз цената.

Регистрирајте се овде и земете 50 евра и почнете да тргувате на глобаниот финансиски пазар 

Фјучерси на сирова нафта со испорака во месец август го завршија вчерашниот ден на ниво од 60.14 долари за барел. Вчерашната седница започна со силна доза оптимизам, откако за време на азиската трговија нафтата поскапе над 60,60 долари за барел. Растечкиот тренд не успеа да се задржи долго откако стравувањата околу банкротот на Грција и податоците за повисоки приноси во САД натежна на пазарот. Најновиот импулс во котирањето успеа да ја врати суровината над психолошката граница од 60 долари за барел.

Трговијата со злато во вчерашниот ден беше диктирана целосно од расположенија. Уште во раните утрински часови трговијата на скапоцени метали падна надолу, а негативните расположенија успеаја да се задржат така до крајот на седницата.

Падот на цената на златото стана факт, и покрај слабите резултати на американскиот долар. Очекувањата на аналитичарите беа дека при континуираното намалување на доларот, златото ќе успее да закрепне голем дел од нивните загуби, но тоа никогаш не се случи.

Фјучерсите на злато за испорака во месец август ја завршија вчерашната седница со силно намалување до цена од 1 185,71 долари за унца. Котирањето на златото падна во изминатата сесија поради коментарите на Федералните резерви од петокот дека оваа година сигурно претстои зголемување на каматните стапки. Некои лидери на институцијата дури побараа оваа година каматите да бидат зголемени за два пати.

Фјучерсите на сребро со рок на испорака месец јули поскапеа за 1,1 центи, или 0,1%, завршувајќи ја трговијата на ниво од 16,12 долари за унца.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип